Црна статистика во БиХ: 63 починати, заразени уште 582


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа по тестирање на 2.485 примероци, регистрирани се 582 новозаразени, а во истиот период починале 63 пациенти со Ковид-19.

Вчера, по тестирани 3.567 примероци, регистрирани беа 1.031 новозаразени.

Во Федерацијата тестирани се 2.088 примероци, а 447 биле позитивни на корона вирус.

Досега се тестирани вкупно 489.207 примероци, а корона вирус е потврден кај 94.513 лица.

До денеска излечени се 81.189 пациенти, а активни се 10.307.

Во едно деноночие во Федерацијата починале 43 пациенти или вкупно досега 3.017.

Во Република Српска пак, тестирани се 391 примероци од кои 129 биле позитивни

Пријавени се 19 смртни случаи или вкупно досега 2.381.

Во Брчко од тестирани шест, сите биле позитивни, а почина едно лице.