Во два дена во БиХ од Ковид-19 починаа 116 луѓе
Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 5.422 примероци, а позитивни биле 1.606 луѓе. Сепак, бројот на смртни случаи, останува висок. По вчерашните 63 починати, денеска починаа уште 53 пациенти со Ковид-19.
Во Федерацијата тестирани се 4.206 примероци, а 1.173 биле позитивни на корона вирус.
Досега вкупно од Ковид-19 заболеа 95.686, излечени се 81.786 пациенти, а активни уште 10.844 случаи.
Во последното деноноќие починаа 39 пациенти со Ковид-19, или вкупно 3.056.
Во Република Српска регистрирани се 362 случаи со корона вирус.
Пријавени се уште 14 смртни случаи или вкупно досега 2.395.
Во Брчко има 71 нов случај со корона вирус, а тестирани биле 116 примероци.