Бајден му го честиташе Денот на државноста на Вучиќ со порака да го признае Косово


Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе Денот на државноста на Србија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, јави допсиникот на МИА од Белград. -Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европските интеграции и […]

Бугарија започна со третата фаза на вакцинација, не ги споменува ветените вакцини за Македонија


Во Бугарија започна третата фаза на вакцинација откако вчера пристигнаа вакцини 28.000 вакцини од АстраЗенека. Тие денес ќе бидат распределени низ неколку места во државата. На почетокот на оваа фаза ќе се вакцинираат сите што ќе бидат ангажирани на изборите, во Централната изборна комисија и други тела. Од Владата соопштија дека наредните недели се очекуваат […]

Дупките покрај Петриња се закануваат да проголтаат куќи, ќе се забрани движење


Поради состојбата со дупките што се јавија во местото Меченчани во Хрватска, по земјотресите од Петриња, ќе се воведуваат посебни мерки. Според последните информации во Меченчани се отвориле 88 дупки, од кои некои се доста големи. Дел од дупките опасно се закануваат на куќите. Дупките се појавуваат и се шират по разорниот земјотрес кон крајот […]

Во Бугарија расте бројот заразени – заболеа 910, починаа 30


  Во Бугарија денеска починаа 30 пациенти од корона вирус, додека заболеа уште 910, соопшти Министерството за здравство на таа земја. Направени се 12.463 тестови, а 7,3 отсто биле позитивни на ковид, пренесе страницата sofiaglobe.com. Четврт ден по ред, бројот на активни случаи расте, па во мементот има 20.727 пациенти со Ковид-19.

Во Србија уште 1.684 заразени, починаа 13 пациенти


Според последните податоци во Србија се регистрирани нови 1.684 заразени, а починаа 13 пациенти. Во последните 24 часа тестирани се 9.759 примероци, а вкупно 2.685.755 од почетокот на пандемијата. Во моментот во болница се лекуваат 3.904 пациенти, а на респиратор се 129. Во Србија досега од Ковид-19 починаа 4.112 лица, а стапката на смртност изнесува […]

Во Хрватска 424 новозаразени, починаа 22 пациенти – стигна вакцината од „АстраЗенека“


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 424 нови случаи на заразени со корона вирус, а бројот на активни изнесува 2.904. Од нив 1.143 пациенти се на болничко лекување, а 106 на респиратор. Починаа уште 22 пациенти. Досега во Хрватска се забележани 235.126 заразени, 5.144 починаа, а 227.078 оздравеа. Тестирани се вкупно […]

Брнабиќ: Србија единствена земја во светот каде граѓаните може да ја бираат вакцината


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по повод стоте дена од работата на владата, изјави дека досега се вакцинирани околу 520.000 граѓани и дека Србија е единствената земја во светот каде граѓаните имаат право да изберат која вакцина ќе ја примат, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ посочи дека се отворени две комплетно нови болници во […]

Во Словенија отворени продавниците, вработените ќе се тестираат еднаш неделно


Голем број продавници во Словенија се отворија денеска, кои претходно беа затворени за клиенти со месеци, по одлуката на Владата да даде зелено светло за отворање на повеќето деловни активности. Според владината одлука, сите продавници и компании под 400 квадратни метри можат да се отворат без оглед на тоа што продаваат или каква услуга даваат, […]

Мета: Состојбата со Ковид-19 во Албанија е вон контрола


Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека состојбата со пандемијата со Ковид-19 е вон контрола и ја повика Владата на премиерот Еди Рама да не си игра со здравјето на луѓето. Според него освен пропаганда Владата нема нокаков план за почеток за масовна вакцинација на населението. -Не се толерира секојдневно да се бројат само заразени и […]

Ѓукановиќ: Речиси половина од граѓаните работат против постоењето на Црна Гора


Хибридната војна што се разгоре во Црна Гора во 2020 година не беше креирана против нас. Всушност, тоа беше војна против Европа и НАТО. Црна Гора се заштити колку што можеше и дури и повеќе отколку што можеше, особено со оглед на тоа кои беа нејзините противници во непосредното соседство и пошироко, изјави претседателот на […]

Нови рестрикции во делови на Грција, викендов подолг полициски час во Солун, Атина и на Халкидики


Грција– Наместо од 21 часот, полицискиот час во Солун, Атина и на Халкидики викендов се поместува за три часа порано, односно ќе почнува од 18 часот, во рамки на новите мерки на грчката Влада соопштени синоќа, јави дописничката на МИА од Атина. Во неколку делови на Грција што се со влошена епидемиолошка слика и се […]

Во експлозија во Словениjа, загинале татко, син и нивниот сосед


Три лица загинале во експлозија што се случила денеска околу 15:30 часот во Ланчово во општина Радовљица, во северозападна Словенија, за која причините сè уште се испитуваат, пренесува хрватски „Индекс“. Експлозијата се случила во објект во близина на локална продавница, кој бил изнајмен, а некогаш служел како работилница за столарија. Пожарникарите кои пристигнале на местото […]

Водачот на навивачката група „Јаничари“ во Србија топел луѓе со солна киселина


  Брутално мачеле луѓе, им сечеле глави и ги топеле во киселина, па си ги препраќале снимките. Полицијата откри нови детали за свирепата српска криминална банда. Полицијата во соработка со БИА и обвинителството за организиран криминал, освен двајцата организатори, уапсила уште 15 припадници на групата поради сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, меѓу кои и […]

Забранети посети за поклоненија на Света Гора до крајот на февруари


Со одлука на заменик- управителот на Света Гора до 28 февруари 2021 година е продолжена забраната на сите посети за поклоненија на Света Гора, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, ќе продолжи и тестирањето со рапид тестови на пристаништата што водат до Света Гора.

Белград: Со воздушна пушка пукал во ученици, еден повреден


  Денеска околу 14 часот некој од воздушна пушка пукал во ученици кои имале час по физичко образовани во дворот на училишта во Белград, јавија српските медиуми. Непфицијално, еден ученик на возраст од 14 години е повреден во ногата. Ученикот е превезен на лекар, а се врши истрага за да се дознае кој и зошто […]

На граничниот премин Промахонас уапсени Бугари со фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест


 На граничниот премин Промахонас (Кулата) при влез од Бугарија во Грција, во два одвоени случаи биле уапсени четири лица кои се обиделе да влезат со фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција станува збор за бугарски државјани, а од грчката полиција соопштуваат дека во рамките на […]

Данас: На југот на Србија вакцинацијата официјално е можна само за оние со српски документи


Во текот на вчерашниот ден во здравствените установи во Врање и Бујановац не беше можно да се добие официјална потврда или демант на информациите дека на југот на Србија е можно да се вакцинираат граѓани на Северна Македонија и од Косово, дури и оние што немаат српски документи или престој на нејзината територија, јави дописникот […]

Вучиќ најави домашно производство на вакцината „Спутник V“ до крајот на годината!


Србија ќе инвестира колку што е потребно во започнувањето на домашното производство на руската вакцина „Спутник V“ до крајот на годината, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Вучиќ кажа дека со рускиот претседател Владимир Путин направиле првичен договор за почнување на процедурата за производство, која тој го опиша како „комплицирано и тешко“. -Во моментов […]

Вакцината на АстраЗенека во Грција ќе ја примаат лица до 64-годишна возраст


Националната комисија за имунизација во Грција, на денешниот состанок, даде зелено светло за вакцината на АстраЗенека и едногласно одлучи да не се користи за лица над 65-годишна возраст, туку ќе ја примат граѓаните меѓу 18 и 64 години, додека пак почетокот на вакцинацијата со конкретната вакцина во Грција се очекува да започне по 12 февруари, […]

Три години затвор за поранешниот началник на ГШ на СРЈ Момчило Перишиќ


Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на поранешна Сојузна Република Југославија, генерал Момчило Перишиќ, денеска беше прогласен за виновен за шпионажа и осуден на три години затвор. Првостепена пресуда беше изречена и за поранешните припадници на армијата на СР Југославија, Миодраг Секулиќ и Владан Влајковиќ, кои беа осудени на по една година и шест месеци […]