Во БиХ повеќе од 1.400 новозаразени, на сила заострени мерки, болниците полни


 

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нешто повеќе од 1.400 новозаразени со корона вирус, а починаа 44 пациенти. Властите со воведување дополнителни мерки се обидуваат да го спречат неконтролираното ширење на вирусот.

Дневниот број заразени денеска е нешто помал во однос на претходните два дена, но истовремено и понатаму е голен процентот на позитивни од вкупниот број тестирани.

Во Федерацијата тестирани се повеќе од 2.500, а позитивни се 985, во Република Српска тестрани с еоколу 1.000, а 414 биле позитивни, додека во дистриктот Брчко од тестирани 105, позитивни се 64.

Најголемо жариште е кантонот Сараево, каде вчера се откриени упте 674 случаи на зараза, а дури 21 лице починаа.

Локалните власти поради постојаното влошување на епидемиолошката состојба одлучија да воведат дополнителни мерки, па така од вечерва има забрана за движење од 21 часот, а од утре се затвораат сите угостителски објекти, но продавниците ќе работат под строг надзор. Воведена е забрана за групирање на повеќе од 10 луѓе, а мерките се на сила во следните две недели.

Болниците се полни, а во Клиничкиот центар во Бања Лука има 350 пациенти со Ковид-19. Се предупредува дека капацитетите се речиси полни иако во последната недела беа обезбедени дополнителни 60 кревети.

На помош им стигнаа и неколку лекари од Турција.