Во Хрватска уште 1.197 нови случаи на зараза, починаа 17


 

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.197 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 6.116.

Меѓу нив 894 пациенти се на болничко лекување, а 84 на респиратор.

Починаа уште 17 пациенти или вкупно 5.726.

Досега регистрирани се 254.507 заразени, а оздравеле 242.665.

Тестирани се вкупно 1.454.984, од кои 7.619 во послендите 24 часа.

Денеска се очекува одлука на Европската агенција за лекови за вакцината на „АстраЗенека“ чија примена поради страв од нуспојави ја сопреа повеќе европски земји. Одлуката е посебно важна за Хрватска, која нарача 2,7 милиони вакцини од оваа фирма.