Бугарските болници полни: „Не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“


 

Бугарските болници и итните служби се на граница на издржливост пореди наглиот пораст на бројот случаи со зараза од корона вирус.

„не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“, рече портпаролката на итните служби Катја Сунгарска во Сифија.

Во многу места болниците се реорганизираат и се ствараат повеќе оддели за пациенти заразени со Ковид-19.

Минатиот четврток имаше 395 нови случаи на 100.000 жители во период од седум дена. Новата седмодневна инциденца треба да биде објавена утре.

Во Бугарија, држава со 6,9 милиони жители, во среда се забележани 4.374 нови случаи на зараза со корона вирус во 24 часа, во однос на 3.502 минатата среда.

Од почетокот на избивањето на пандемијата во земјата од корона вирус починаа 11.500 луѓе, а само во вторникот починаа 107.

Владата не планира да воведе нови мерки на национално ниво

Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по ублажувањето на мерките на затворање од 1 март.

Иако мерките за сопирање на ширењето на заразата преземени последните денови на регионално ниво, владата не планира да ги воведе на национално ниво.

Подрачјата кои најмногу се погодени се Софија и регионот на Бургас на Црното Море.

Здравствените служби во Софија предложија затворање на училишта и градинки, ресторани, трговски центри и теретани. Конечната одлука за тоа ќе бидат објавени утре.

Вакцинацијата во Бугарија во меѓувреме е успорена затоа што привремено е сопрена употребата на вакцината „АстраЗенека“, а достапни се вакцини на „Модерна“ и на „Фајзер“.

Во Бугарија парламентарните избори се закажани за 4 април, па како приоритетни за вакцинација се и луѓето задолжени за спроведување на изборите.