Во Хрватска 691 нов случај со Ковид-19, починаа 12


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 691 нов случај на зараза со кроона вирус, а истовремено починаа уште 12 пациенти. Активни се 4.475 случаи, објави Штабот.

Од нив 858 се на болничко лекување, а 78 на репсиратор.

Од февруари лани во Хрватска забележани се 251.865 заразени со Ковид-19, починаа 5.697, а оздравеа 241.693 лица.

Тестирани се вкупно 1.438.689 лица, а 7.347 во последните 24 часа.