Сè повеќе заболени и починати во Србија: 5.201/31


Според последните информации, во соседна Србија денеска се регистрирани 5.201 нови случаи со корона вирус, а починаа 31 пациент.

Тестирани биле 17.782 примероци, а 3.182.095 ос почетокот на пандемијата.

Во болница се лекуваат 4.671 заболени, а 211 се на респиратор.

До денеска од Ковид-19 починаа 4.778 луше. а стапката на смртност во Србија изнесува 0,91 отсто.

Досега се вакцинирани2.049.898 граѓани, а ревакцинирани се 793.809.

Денеска на седница на Кризниот штаб донесени се нови месрки, па така од утре до понеделник ќе има режим на работа и живот како минатиот викенд.

Затворено ќе биде се во среда, четврток, петок, сабота и недела. нема полициски час, но ќе работат само аптеки, прехранбени продавници и бензински, а за викендот ќе се направи нов пресек.