Најмногу починати од Ковид-19 од почетокот на годината во Србија
Во соседна Србија денеска се забележани 5.446 нови случаи со корона вирус од 18.288 тестирани.
Воедно починаа 32 лица, што е највисок број за еден ден од почетокот на годината.
Во болница се лекуваат 4.859 пациенти, а 209 се на респиратор.
Од денеска до понеделник наутро се на сила дополнителни рестриктивни мерки, како што важеа изминатиот викенд. Имено, се затвора се освен прехранбените објекти, аптеките и бензинските.