Во Хрватска уште 1.197 нови случаи на зараза, починаа 17


  Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.197 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 6.116. Меѓу нив 894 пациенти се на болничко лекување, а 84 на респиратор. Починаа уште 17 пациенти или вкупно 5.726. Досега регистрирани се 254.507 заразени, а оздравеле 242.665. Тестирани се вкупно 1.454.984, […]

Брисел без коментар за наводите дека Израел нуди вакцини на Косово во замена за амбасада


Европската комисија нема коментар за наводите дека Израел му ветила на Косово голем број вакцини во замена за отворање амбасада во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на редовниот брифинг во Брисел од Европската Комисија денеска едноставно ја повторија познатата позиција на ЕУ во однос на израелско-палестинскиот конфликт и статусот на Ерусалим, […]

Грција задоволна од предлогот на ЕК за дигитален зелен сертификат


Задоволство од предлогот на Европската комисија за воведување дигитален зелен сертификат за патувањата во кој ќе бидат вклучени податоците дали лицето е вакцинирано или има негативен ПЦР тест или пак прележало Ковид-19, изразуваат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за туризам Харис Теохарис, потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, но и туристичките федерации и здруженија во Грција, […]

Словенија нема да бара пари од ЕУ за нова национална авиокомпанија


Словенечката влада се откажа од плановите за воспоставување нова национална авиокомпанија со користење на средства од ЕУ, пишува порталот Exyuaviation. Планот, кој мора да биде одобрен од Европската комисија, со цел земјата да добие грант од 1,6 милијарди евра и 3,6 милијарди заеми за ублажување на последиците од пандемијата, повеќе не содржи предлог за финансирање […]

Од понеделник десетдневен „локдаун“ во Бугарија


 Рестриктивни мерки за десет дена се воведуваат низ Бугарија од понеделник, најави министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов на брифинг во Советот на министри. Посетите на ресторани се запрени, дозволени се само испораки за дома и канцеларии. Сите сопственици на хотели да ги организираат своите активности за посетителите да вечераат во собите.Градинките престануваат да работат. […]

Подгорица бара помош од ЕУ за отплата на кинески кредит


Црна Гора –  Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ побара помош од Европската унија за отплата на кредитот што Црна Гора го зеде од кинеска банка за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари. Тој пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) изјави дека голем проблем е долгот кон Кина. – Ве молиме, помогнете ни […]

Бугарските болници полни: „Не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“


  Бугарските болници и итните служби се на граница на издржливост пореди наглиот пораст на бројот случаи со зараза од корона вирус. „не можеме да се носиме со оваа масовна зараза“, рече портпаролката на итните служби Катја Сунгарска во Сифија. Во многу места болниците се реорганизираат и се ствараат повеќе оддели за пациенти заразени со […]

Во Хрватска почина маж на 33 години 12 дена по вакцинирањето со „АстраЗенека“


Маж на возраст од 33 години почина утрово во Хрватска 12 дена откако се вакцинирал со „АстраЗенека“ против Ковид-19, поради што Хрватската агенција за лекови веднаш покрена истрага. Како што дознава Индекс, се работи за маж од Сисак, кој починал утрово во болницата „Ребро“ во Загреб. Тој се вакцинирал на 5 март, а првите два […]

Во Србија се вакцинираат и уриваат рекорди во заразени и умрени


Според последните податоци, во Србија починале 32 лица од последиците од Ковид-19. Од 18.288 тестирани, 5.446 лица биле позитивни на коронавирус.  На апарати за дишење се приклучени 209 пациенти. Досега пак вкупно се вакцинирани 2.077.197, а дури 809.375 лица ја примиле втората доза. Расте бројот на заболени и хоспитализирани во болниците низ Србија. Повеќето нови […]

Во Србија најпопуларни се вакцините „Спутник V“, „Синовак“ и „Синофарм“


Србија е убедлив лидер по бројот на вакцинирани лица во регионот и е еден од лидерите во Европа, но, иако вакцината против корона е достапна во поголеми количини во Србија, сепак 30 отсто граѓани веројатно нема да се вакциниранаат, додека 16 отсто се изјасниле дека сигурно нема да ја примат, покажа неодамнешното регионално истражување на […]

Кривокапиќ: Црна Гора веројатно во мај ќе ги има анализата и ставот за „Мини Шенген“


Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, оцени дека во моментов односите со Србија се „малку воздржани“, но дека желбата на неговата влада, а смета дека тоа го сака и Владата на Србија, е „да се направат најдобри односи“, јави дописникот на МИА од Белград. -Веројатно во иднина тоа ќе го покажеме со практични примери, бидејќи […]

Најмногу починати од Ковид-19 од почетокот на годината во Србија


  Во соседна Србија денеска се забележани 5.446 нови случаи со корона вирус од 18.288 тестирани. Воедно починаа 32 лица, што е највисок број за еден ден од почетокот на годината. Во болница се лекуваат 4.859 пациенти, а 209 се на респиратор. Од денеска до понеделник наутро се на сила дополнителни рестриктивни мерки, како што […]

Во Босна и Херцеговина нови 1.726 заразени, починаа 35 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина на корона вирус тестирани се 5.263 примероци, а потврдени се 1.726. Починаа 35 пациетни со Ковид-19. Вчера имаа 1.606 новозаразени и 53 мртви. Во Федерацијата направени се 3.969 тестови, од кои 1.216 биле позитивни. Досега се тесирани вкупно 497.382, а корона вирусот е потврден кај 96.902 […]

Косово се обидува да набави вакцини преку Израел


 Новоотворената Амбасада на Косово во Израел, во координција со Министерството за надворешни работи, за попладнево организира виртуелна средба на косовскиот министер за здравство Арменд Земај со неговиот израелски колега Иули Еделстеин, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовкото МНР, средбата е организирана со цел да се разговара за помошта од страна на […]

Во Хрватска почина 12-годишно девојче од Ковид-19


  Девојче на возраст од 12 години почина од Ковид-19 во Хрватска. На денешната прес-конференција на Кризниот штаб, речено е дека штотуку ја примиле веста за девојчето кое починало од Ковид-19, дека тоа имало тежок кардиолошки проблем. Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.445 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни […]

Болниците во Софија пред колапс поради заболени од Ковид-19


Бугарија – Општинските болници во Софија се пред колапс поради исклучително зголемен број новозаразени со Ковид-19, јавија локални медиуми. Во главниот град на Бугарија над 75 отсто од креветите во болниците се со пациенти заразени со коронавирусот. – Ситуацијата е сериозна и се добллижуваме до критичната точка. Имаме само 12 слободни кревети, а вчера отпуштивме 26 […]

Борисов како Груевски: Никаде во светот немало слобода на медиуми како во Бугарија


„Во Бугарија слободата на говорот е толку многу слободнa  што тешко може да се спореди со другите земји “. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов како одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција во Виена по состанокот со лидерите на ЕУ за распределбата на вакцините во Унијата. „Се осмелувам да кажам дека вашето прашање […]

Во Белгија уапсен поранешниот косовски командант Шала


Поранешен командант на распуштената Ослободителна војска на Косово (ОВК) е уапсен во Белгија за наводни воени злосторства извршени за време на војната во земјата со Србија во 90-тите години, соопшти меѓународниот суд во вторникот (16-ти март). Пјетер Шала, исто така познат како „Командант Волкот“ беше локален воен водач во западно Косово за време на конфликтот […]

Во Подгорица украдено поштенско блиндирано возило со пари


Црна Гора– Двајца маскирани напаѓачи вчера во Подгорица украле блиндирано поштенско возило во Подгорица, кое превезувало пари, објавија црногорските медиуми. Полицијата се уште не го коментирала инцидентот, а според медиумите разбојниците успеале да го украдат блиндираното возило на Поштa на Црна Гора. Се уште не е познато колку пари имало во возилото. 

Се самоуби телохранител на Ердоган: Не можев повеќе да трпам


Полицаецот Мехмет Али Булут, стациониран во Управата за претседателска заштита, пронајден е мртов во вторникот, во својот стан. Како што јавија турските медиуми, се работи за самоубиство. Колегите полицајци го нашле Булут во неговиот стан, откако отишле да проверат зошто не се појавил на работа и зошто телефонот му е исклучен. „Сигурно е најдобро да […]