Во Хрватска нови 2.439 заболени, починаа 39


 

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 2.439 нови случаи со корона вирус, а активни се 14.878.

Од нив 2.239 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор има 245 пациенти.

Пред една недела имаше 2.885 нови, од 10.537 тестирани, што изнесува 27 отсто, а пред две недели 29,6 отсто идел. Денеска уделот на позитивни е 23,54 отсто.

Починаа 39 лица или вкупно досега 7.040.

Досега заразни се 330.176 лица, а оздравеа 308.258.

Тестирани се вкупно 1.794.905 лица, а 10.358 во последните 24 часа.

Во Хрватска досега вакцинирани се 648.709 лица.