Босна и Херцеговина со 488 новозаразени и 48 починати од Ковид-19


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 488 новозаразени со корона вирус, а тестирани биле 3.173 примероци. Починаа 48 пациенти.

Во Федерацијата тестирани биле 2.389 примероци, од кои 279 се позитивни. Досега вкупно тестирани се 626.966, а Ковид-19 потврден е кај 130.081 лица.

Излечени се 111.802 пациенти. Во последното деноноќие пријавени се 35 смртни случаи или вкупно 4.889.

Во република Српска од тестирани 654, позитивни биле 182 лица. Пријавени се 12 смртни случаи или вкупно 3.334.

Во Брчко регистрирани се 27 нови, а почина едно лице.