Во Србија повторно повеќе од 2.000 новозаразени, починаа 25 луѓе


 

Според последните податоци денеска во Србија потврдени се уште 2.007 случаи со корона вирус, а починаа 25 пациенти.

На болничко лекување се 4.711, а на респиратор 171 пациент.

Од почетокот на епидемијата досега потврдени се 687.944 случаи, а тестирани се 3.828.544 луѓе.

Епидемијата од корона вирус однесе 6.337 животи, а процентот на смртност е ж 0,92 отсто.