Во Бугарија нова драма: обвинителите излегоа на протест


Обвинителите на „тивкиот протест“ пред Судската палата во Софија

Еден ден откако новиот парламент ги усвои измените на законот во прв читање за промени во судството, денеска бугарските обвинители излего на протест предводени од моќниот државен обвинител Иван Гешев. Тие не се согласуваат со одредбите во законот за затворање на специјалното обвинителство. Обвинителите протестот го нарекоа „тивко бдеење“. Тие се противат на одредбата да се затвори специјалното обвинителство. Главен иницијатор за промените во правсосудството е партијата Демократска Бугарија, чиј лидер Христо Иванов ги поттикна протестите од минатото лето против корупцијата и недопирливоста на олигарсите.

Гешев објасни дека протестот не бил по негова иницијатива, туку од неговите колеги. „Ви благодарам и горд сум што сум главен обвинител на Република Бугарија“, рече тој на заминувањето и беше испратен со аплаузи на неговите подредени, јавуваат бугарските медиуми.

Ден претходно, парламентарниот правен комитет го одобри првото читање предлогот на Демократска Бугарија, кој предвидува затворање на специјалната правда. И иако има малку шанси овој парламент конечно да ги усвои амандманите, обвинителите се револтирани.

Шефицата на специјалното обвинителство, Валентина Маџарова, се пофали со многу успеси против организираниот криминал. „Никогаш не сме реколе дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е лесна борба“, рече таа. Потоа ја повтори старата теза на Гешев дека во Бугарија има премногу високи барања за докази и затоа им било тешко на обвинителите да добијат осудителни пресуди, што не било случај во другите европски земји.

За измените на законот во парламентарниот комитет гласаа пратениците на Демократска Бугарија, Има таков народ, БСП и Изсправи се!Мутри надвор, против беа претставниците на ДПС, а пратениците на ГЕРБ се воздржаа.

Промените во судската власт и раскинување на „бракот“ меѓу политичарите и обвинителите беше едно од главните залагања на трите нови партии што влегоа во парламентот.