(Видео) Анкара погодена од песочна бура, шестмина повредени


Шест лица се полесно повредени денеска во Анкара, која беше погодена од ретка песочна бура, пренесува турскиот весник Хуриет. Песочната бура ги погоди окрузите Олатли и Хајман околу 15 часот по локално време, а претходно беше издадено предупредување за силен дожд и невреме. Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, потврди дека шест лица се полесно повредени. …

(Видео) Анкара погодена од песочна бура, шестмина повредени Read More »

Радев: Во Бугарија нема судир меѓу претседателот и премиерот, туку на народот против мафијашката власт


Единствен начин за излез од политичката криза во Бугарија е Владата веднаш да поднесе оставка оставка, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС. – Секоја влада мора да има редовен дијалог со граѓаните, а не да ги преплавува со пропаганда за невиден успех. Владата треба да работи на таков начин што ќе ги полни паричниците на …

Радев: Во Бугарија нема судир меѓу претседателот и премиерот, туку на народот против мафијашката власт Read More »

Србија со нови 72 случаи на зараза


Во последните 24 часа во Србија тестирани се 6.068 лица за корона вирус, а само 72 биле позитивни на вирусот. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ земјата се 29 пациенти, четири помалку од вчера. Во истиот период почина едно лице. Вчера во Србија имаше 92 новозаболени, …

Србија со нови 72 случаи на зараза Read More »

Самоопределување: Хоти ја поништи границата меѓу Косово и Србија


Шефот на пратеничката група на косовското опозициско движење Самоопределување (ВВ), Реџеп Селими изјави дека со потпишувањето на последниот договор со Србија во Вашингтон, премиерот Авдулах Хоти ја поништил границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Селими, со договорот за економска стабилизација, што го потпиша со српскиот пртседател Александар Вучиќ, во …

Самоопределување: Хоти ја поништи границата меѓу Косово и Србија Read More »

Словенија има 105 новозаразени од корона вирус


Во Словенија беа потврдени 105 новозаразени со корона вирус во последните 24 часа од 3.191 тестирани, три помалку од претходниот ден, кога беа регистрирани рекорден број дневни случаи од почетокот на епидемијата, објави словенечката влада во саботата. Така, вкупниот број на потврдени заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.603, активните случаи се 769. …

Словенија има 105 новозаразени од корона вирус Read More »

Тројца Хрвати фатени со тон кокаин на Канарските Острови


Во операција со кодно име „Фалкуса“, ​​иницирана од хрватската полиција, на Канарските острови е запленет речиси еден тон кокаин, чија улична вредност се проценува на повеќе од 40 милиони евра, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, пренесува Индекс. Полицијата соопшти дека собрала првични информации за трансатлантски шверц на големи количества кокаин во кој, како …

Тројца Хрвати фатени со тон кокаин на Канарските Острови Read More »

Во Босна и Херцеговина нови 304 заразени – епидемијата никако да стивне


  Босна и Херцеговина повторно денеска пријави повеќе од 300 новозаболени. Влупно заразени со Ковид-19 се 304 лица, од кои 246 во Федерацијата од 1.228 тестирани, а во репсублика Српска има 58 новозаразени. Во Федерацијата Ковид-19 е потврден кај вкупно 14.648 лица, од кои 10.474 оздравеле, а пријавен е еден смртен случај денеска. Вкупно од …

Во Босна и Херцеговина нови 304 заразени – епидемијата никако да стивне Read More »

Борисов: Луѓето во Бугарија не чувствуваат дека се во пандемија


Бугарија е единствената земја во која работи се и луѓето не чувствуваат дека се во пандемија. БСП сака избори, но тие не можат да организираат дури ни внатрешни избори, кажа денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов од Крџали, јави БГНЕС. -Отсекогаш сум велел дека ги почитувам протестите на луѓето. Досега немало случај на демонстранти кои не …

Борисов: Луѓето во Бугарија не чувствуваат дека се во пандемија Read More »

Нуредини на енергетски форум во Солун: Императив е инвестирањето во зелена и одржлива енергија


За да ја објасни важноста на инвестирањето во одржливата и зелената енергија, министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија Насер Нуредини за време на неговото учество на Енергетски форум за Југоисточна Европа во Солун, направи споредба меѓу пандемијата и климатските промени, велејќи дека откако ќе се пронајде вакцина кризата со Ковид-19 ќе …

Нуредини на енергетски форум во Солун: Императив е инвестирањето во зелена и одржлива енергија Read More »

Во Албанија 161 новозаразен, оздравени 97, починати три лица


Во Албанија во последното деноноќие повторно висока бројка на новозаразени со Ковид-19, откако од направени 875 тестови позитивен резултат е добиен кај 161 од нив, што е 18,4 отсто од тестираните. -Од епидемиолошките податоци заразата во последните две недели изнесува 62,9 случаи на 100.000 жители. Споредено со претходните седмици тоа претставува благо намалување, но ова …

Во Албанија 161 новозаразен, оздравени 97, починати три лица Read More »

Колинда Грабар-Китаровиќ оперирана, ја чека долго закрепнување


Поранешната претседателка на Хрватска и членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Колинда Грабар-Китаровиќ денеска е оперирана во клиничката болница во Загреб, а како што пишува „Јутарњи лист“, сега ја чека неколкумесечно закрепнување. Таа имала операција на дискус хернија на цервикалниот ’рбет, а операцијата, како што дознава весникот, поминала добро. Грабар-Китаровиќ в сабота ќе биде пуштена од болница.

Во Косово 50 новозаболени од Ковид-19, 117 излекувани, но и пет смртни случаи за 24 часа


Рекордно ниска бројка, од вкупно 50 нови случаи на заразени од Ковид-19, е забележана во минатото деноноќие во Косово, споредено со последните речиси три месеци, односно од средината на месец јуни годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Охрабрувачки, според косовските здравствени власти, е и секојдневниот пораст на бројот на лица кај кои било потврдено присуството на …

Во Косово 50 новозаболени од Ковид-19, 117 излекувани, но и пет смртни случаи за 24 часа Read More »

Во Србија нови 92 случаи со Ковид-19


  Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 92 нови случаи со корона вирус, Едно лице почина. Тестирани се 9.507 лица, а вкупниот број тестирани достигна 1.018.908. Во болница се 45 пациенти, а на респиратор 33 пациенти. Од 6 март наваму во Србија потврдени се вкупно 32.228 случаи со корона вирус, а од последиците …

Во Србија нови 92 случаи со Ковид-19 Read More »

Расте бројот на заразени во Бугарија


  Бројот на новозаразени од корона вирус во изминатите 24 часа во Бугарија порасна за 163 на вкупно 17.598. Ова е раст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 122 нови случаи. Направени се 5.090 тестови, а во моментот има 4.273 активни случаи, пренесе БТА. Во болница се 746 пациенти, а 55 се на …

Расте бројот на заразени во Бугарија Read More »

Во Босна и Херцеговина нови 290 заразени


  Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа направени се повеќе од 2.100 тестови за корона вирус, а потврдени се нови 290 заразени. Во Федерацијата БиХ пријавени се 1.526 анализирани примероци од ки 194 се позитивни на корона вирус. Досега во Федерацијата заразени се 14.402 лица, а до денеска излечени се 10.277 пациенти. Во …

Во Босна и Херцеговина нови 290 заразени Read More »

Пацоли бара од Абазовиќ да не влегува во црногорската влада поради Косово


Претседателот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли го повика лидерот на црногорската партија Обединета акција за реформи (УРА), Дритан Абазовиќ, да не се приклучува на владата, која размислува за повлекување на признавањето на Косово. „Господине Абазовиќ, ако дозволите формирање на оваа влада, нема начин како да ја запрете целта на вашата коалиција кон Косово. …

Пацоли бара од Абазовиќ да не влегува во црногорската влада поради Косово Read More »

Нови 190 заразени во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 190 новозаболени од коронавирус и смрт на тројца пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Наведено е дека досега е тестиран рекорден број примероци – 5.549. Бројот на моментално активни случаи во Хрватска е 2.430, од ​​кои 327 пациенти се во болница. На респиратор се приклучени 26 …

Нови 190 заразени во Хрватска Read More »

Во Словенија првпат над 100 нови случаи на корона вирус за еден ден


Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 108 нови случаи на корона вирус. Словенечките медиуми наведуваат дека тоа е рекорден број и првпат да има повеќе од 100 случаи во еден ден. Во последните два дена биле направени повеќе од 2.000 тестови, но како што пишува „Дело“ не е познато колку тестови се направени …

Во Словенија првпат над 100 нови случаи на корона вирус за еден ден Read More »

Умерен земјотрес регистриран во Грција


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово беше регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот бил во морскиот дел во Коринтскиот залив, 50 километри северозападно од Атина. 

Како Бугарија стана мафијашка држава на ЕУ


Протестите на кои се бара оставка од премиерот Бојко Борисов траат веќе два месеци   Два месеци Бугарите ги полнат улиците секоја вечер во знак на протест дека олигархиската мафија ја заробила државата и го проширила својот опфат длабоко во институциите како што се судството, медиумите и безбедносните служби. Тие бараат оставки од премиерот Бојко …

Како Бугарија стана мафијашка држава на ЕУ Read More »