Србија со нови 72 случаи на зараза


Во последните 24 часа во Србија тестирани се 6.068 лица за корона вирус, а само 72 биле позитивни на вирусот.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ земјата се 29 пациенти, четири помалку од вчера.

Во истиот период почина едно лице.

Вчера во Србија имаше 92 новозаболени, додека ден претходно 58, во средата 84, па медиумите во земјата коментираат дека статистиката на Ковид-19 деновиве наликува на клацкалка.