Во Србија од Ковид-19 починаа уште 38 лица, 5.107 новозаразени


Во изминатите 24 часа во Србија починаа 38 лица, а од тестираните 17.801 примерок беа потврдени 5.107 нови случаи на инфекција со коронавирус, објавено е денес на порталот covid19.rs. На болничко лекување има 7.368 пациенти, од кои 290 се на респиратори. Вкупно беа извршени 3.424.443 тестови и беа регистрирани 600.596 случаи на ковид-19. Досега починале […]

Најмалку 20 случаи на Ковид-19 на Света Гора, забраната за посети продолжена до 15 април


 Околу 20 случаи на Ковид-19 се потврдени на Света Гора, а еден монах е хоспитализиран и приклучен на апарати, објави грчкиот весник „Македониа“, јави дописничката на МИА од Атина. Парлалелно, независно од регистрираните случаи, со одлука на заменик- управителот на Света Гора забраната на сите посети за поклоненија е продолжена до 15 април 2021 година […]

Во Босна и Херцеговина 1.972 новозаразени, починаа 79 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 5.650 примероци, а регистрирани 1.972 нови случаи на зараза. Починаа уште 79 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 4.114 примероци, од кои 1.286 позитивно. Досега се тестирани 543.007 луѓе, а вирусот е потврден кај 111.402 лица. До денеска излечени се 88.896 пациенти. Пријавени се уште […]

Нови мерки во Загреб, маски и на отворено – денеска нови 2.623 заболени


Денеска во Хрватска се забележани 2.623 новозаразени со корона виурсот, а од нив 451 во Загреб. Активни во Хрватска се уште 11.306 случаи. Од нив 1.337 пациенти се на болчничко лекување, а 144 на репсиратор. Починаа уште 19 пациенти или вкупно 5.947. Тестирани се вкупно 1.549.854, а 271.632 се позитивни досега. Оздравеа 254.379. Вакцинирани се […]

Ревакцинираните ќе бидат наградени: Сите кои примиле две дози ги очекуваат попусти и бесплатни карти


Заменик-градоначалникот Горан Весиќ соопштил дека граѓаните на Белград кои ја примиле втората вакцина ќе бидат наградени со добивање поевтини билети за театри, кина и фестивали што се одржуваат во главниот град. „Како општество, треба да им овозможиме на оние кои се вакцинирани полека да се враќаат во нормалниот живот“, истакна заменик-градоначалникот. Весиќ најавил дека од […]

Во Албанија над 100 илјади вакцинирани против Ковид-19


 Заклучно со вчерашниот ден во Албанија вакцинирани се над 100.000 лица, објави на Твитер министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „светлината на крајот од тунелот се приближува секој ден и се побрзо“. -100 илјади вакцинирани до вчера. 100 илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот“, […]

Рекорден број новозaразени во Грција, Комисијата на епидемиолози утре ќе разгледа олабавување на мерките


Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, утре ќе одржи состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и можноста за олабавување на рестрикциите како што е отворање на малопродажбата или на училиштата, но и да се укине забраната за движење меѓу општини, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчките медиуми […]

Бугарија ги отвора рестораните и училиштата пред изборите


Сопствениците на рестораните се незадоволни – тие претпочитаат да останат затворени и да добиваат помош од државата отколку да постават неколку маси на тротоарите   (Од нашиот дописник)                                                        […]

ЕК предложи 2,5 милијарди евра заем за Грција за поддршка на вработените


Европската комисија предложи шест земји членки на Унијата да добијат нова финансиска помош во вид на заем што достигнува до вкупно 3,7 милијарди евра, преку програмата за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (SURE), од кои 2,5 милијарди евра се наменети за Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот […]

Речиси 5.500 новозаболени во Србија, починаа уште 39


  Во соседна Србија денеска се регистрирани 5.471 новозаразени со корона вирусот, а починаа уште 39 пациенти. Според податоците на Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 276 пациенти, а во болница се лекуваат 7.205. Во последните 24 часа тестирани се 18.528, а 3.406.642 од почетокот на епидемијата. До денеска во Србија од […]

МВР на Република Српска уапси осум лица за интернет измами, има оштетени и Македонци


Министерството за внатрешни работи на Република Српска уапси осум лица во рамки на акцијата „Вектор“, насочена кон откривање интернет-измами и изнуда во вредност од стотици илјади БиХ марки, јави дописникот на МИА од Белград. Акцијата е спроведена во областа Фоча, Хан Пијесак и Источно Сараево, каде се извршени претреси на 25 локации што ги користеле […]

Албанија и Италија со меѓусебно признавање на возачките дозволи


Албанската влада во службен весник го објави договорот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Италија. Со оваа одлука, сите албански државјани кои се стекнале со возачка дозвола издадена во Албанија и кои имаат дозвола за престој таму, ќе ја конвертираат дозволата без полагање теоретски и практичен дел. Истото важи и за италијанските државјани кои […]

Уапсени поранешни директори на косовскиот телеком


Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција уапси денеска двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово, осомничени за злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина. Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу […]

Во Босна и Херцеговина вчера 93, денеска уште 92 жртви на Ковид


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 5.402 примероци, од кои 1.867 биле позитивни. Она што загрижува во оваа земја е високата смртсност, односно по вчерашните 93 жртви на Ковид-19, денеска исброаја уште 92 починати од заразата. Во Федерацијата тестирани се 3.918 примероци, а 1.143 биле позитивни. Досега тестирани се 538.893, […]

Црни рекорди во Бугарија – од вирусот починаа 203 лица во еден ден


Додека се очекува да се олабават мерките во Бугарија од 1 април земјата се соочува со страшни бројки од корона вирусот. Здравствените власти објавија дека во последните 24 часа починале дури 203 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Билансот на смртните случаи изнесува 12.913. Регистрирани се 4.497 нови инфекции од […]

Во Хрватска нови 1.487 заразени, починаа 17


  Во последните 24 часа забалежани се 1.487 новозаразени со вирусот Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 9.622. Меѓу нив 1.289 пациенти се на болничко лекување, од кои 127 на респиратор. Починаа 17 лица или вкупно досега 5.928. Од почетокот на пандемијата во Хрватска со корона вирус се заразиле 269.009 лица, а оздравеле 253.459. […]

Во Албанија минатата година забележан пад на странските вложувања за 13 отсто


 Директните странски вложувања во Албанија, минатата година бележат намалување за 13 отсто, споредено со претходната година. Според Централна банката на Албанија, приливот на странски капитал што влегува во економијата минатата година изнесува 933 милиони евра, наспроти повеќе од милијарда евра во 2019 година. Експертот по економија Гент Беќири објаснува дека овој пад бил очекуван и […]

Полемика во Србија околу вакцинацијата на странците


Премиерката Ана Брнабиќ призна дека рокот на вакцините на „АстраЗенека“ истекувал во април, а во Србија немало голем интерес за нив   Вакцинацијата на странските државјани во Србија се одвиваше и вчера. Гужвата беше помала отколку претходните денови, кога граѓаните на околните земји дојдоа во Србија – на вакцинација. Телевизијата Н1 јавува дека мислењата за […]

Захариева тврди дека нејзиниот став за Скопје нема врска со изборите во Бугарија


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите. -Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии […]

Приведен Македонец во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 кг марихуана на граничен премин


Бугарија– Македонец е приведен синоќа во Бугарија при обид да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, соопшти бугарската полиција. Возачот навел дека сака да премине транзитно низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција. Марихуаната спакувана во 17 пакети е откриена во посебно направен дел во резервоарот на возилото Мерцедес. Приведен е С.Д. […]