Зелениот изборен бран го преплави Загреб
Томислав Томашевиќ од зелено-левата коалиција за малку не победи во првиот круг, но има недостижна предност. Најголем губитник се социјалдемократите
Зелено-левата коалиција на „Можеме!“, „Загреб е наш“, „Нова левица“, ОРаХ и Партиите за градот е најголемиот победници на локалните избори во Хрватска што се одржаа во неделата.
Кандидатот за градоначалник на коалицијата на зелената левица, Томислав Томашевиќ, доби 45,15% од гласовите и тој ќе оди во вториот круг заедно со лидерот на Татковинското движење и поранешене претседателски кандидат, Мирослав Шкоро. Тој освои 12,16 отсто од гласовите. Зад нив двајцата е кандидатката на партијата неодамна починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ со 11,10 отсто од гласовите. Дури после нив е кандидатот на владејачката ХДЗ..
На изборите за Градското собрание на Загреб, зелено-левичарската коалиција доби 45,96% од гласовите, што ќе ѝ даде 24 од 47 можни места во градското собрание.
Ова значи дека Загреб – кој брои речиси 25 отсто од населението на земјата, 50 проценти од нејзината економија и е единствениот регион во Хрватска кој има позитивен пораст на населението – би можел да добие ново раководство кое е силно спротивставено на националната влада.
Во Сплит ќе се одржи втор круг меѓу кандидатите на Партијата Центар и владејачката ХДЗ, додека во најголемиот источен град Осиек во вториот круг ќе одат кандидатите на ХДЗ и Татковинското двужење. Во Риека кандидатите на СДП ќе излезе на мегдан со поранешниот директор на Клиничкиот болнички центар.
Најголемиот губитник на изборите беа социјалдемократите (СДП), порано втората политичка сила во Загреб. Изгубија поддршка во главниот град, Сплит и Осиек и не успеаја да ја освојат Риека во првиот круг, како што го правеа досега.
Иако изборите нема да имаат влијание врз владината коалиција, раководството во владејачката партија ХДЗ најверојатно ќе се соочи со критики од нејзината десничарска фракција за неуспехот во Загреб. Локалните избори се знак дека СДП е во опасност да го изгуби местото како втора политичка сила во Хрватска.
Триумфален изборен резултат на Томислав Томашевиќ во Загреб предизвика сериозен очај на хрватската крајна десница и меѓу самопрогласените патриоти.
Тонот го насочи Мирослав Шкоро, кој во синоќешниот говор викаше дека нема да дозволи „екстремната левица“ да победи во Загреб.
„Кога станува збор за Загреб, ќе видиме што ќе донесе ноќта и броење на сите гласачки ливчиња до крајот на вечерта. Ова не е иднината на нашата земја, не е иднината на нашиот Загреб и нашите деца. Јас сум убеден дека во вториот круг ќе покажеме дека има доволно причина и интелигенција во аргументирана дискусија да го обелодениме она што се нарекува зелено-лева коалиција. Таа не е само зелена и лева, таа е крајна левица и ќе биде запрена во вториот круг, па нека ми помогне господ“, рече Шкоро. (Н.В.)