Во Хрватска, од Ковид-19, починаа уште 30 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 116 новозаразени со корона вирус во Хрватска, но едновремено починаа уште 30 пациенти, а активни се 5.293.

Од нив 1.662 се во болница, а 173 на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска се забележани 350.506 заразени, а починаа 7.738, додека 337.475 оздравеа.

Тестирани се 1.929.591, а 2.329 во последните 24 часа.

До денеска потрошени се 1.349.447 дози вакцини, а во две дози вакцинирани се 308.232 граѓани.