Расте бројот на заразени во Бугарија


 

Бројот на новозаразени од корона вирус во изминатите 24 часа во Бугарија порасна за 163 на вкупно 17.598.

Ова е раст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 122 нови случаи.

Направени се 5.090 тестови, а во моментот има 4.273 активни случаи, пренесе БТА.

Во болница се 746 пациенти, а 55 се на интензивна нега.

Во последните 24 часа излечени се 145 пациенти, па вкупниот број оздравени изнесува 12.619.

Од корона вирус починаа четворица, со што вкупниот број жртви изнесува 706.