Во Босна и Херцеговина повторно висок број починати од Ковид-19, дури 84


  Во Босна и Херцеговина за 24 часа забележани се нови 931 заразен со Ковид-19, а од последиците на оваа болест починаа уште 84 луѓе, што е драстично зголемување во однос на вчерашните 40 починати? Во федерацијата тестирани се 2.570 примероци, а 673 биле позитивни. Починале 50 луѓе или вкупно 3.889. Досега се тестирани 556.020, […]

ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, ВМРО изгледа ќе влезе во парламентот


Партијата на премиерот Борисов освои најмногу гласови, но патот до формирање мнозинство во шареноликиот парламент ќе биде трнлив за него. Обвинувањата за корупција ја подјадоа поддршката за Борисов   Излезната анкета на агенцијата „Алфа рисрч“ покажува дека ГЕРБ, партијата на сегашниот премиер Бојко Борисов, победи на денешните избори во Бугарија и дека новиот парламент ќе […]

Косово: Нови девет жртви и 680 заразени од Ковид-19, најавено заострување на мерките


Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 680 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 93.655 лица, од кои починале 1.915 […]

Трагичен крај за брутално претепаното 2,5 годишното девојче во Хрватска


  Од Клиничката детска болница во Загреб соопштија тажна вест за судбината на двеиполгодишното девојче, кое со смачкана глава пред неколку дена беше однесе во болницата. „Со голема тага и жалење мора да ве известиме дека кај нашата мала пациентка, покрај сите преземени мерки и исклучителни напори на интензивниот тим, дојде до критично клиничко влошување“, […]

Значителен пад на бројот заразени во Србија


  Денеска во Србија регистрирани се 3.304 нови случаи со корона вирус, а во истиот период починаа уште 36 пациенти. На респиратор се 292. Досега се вакцинирани 1.090.763 граѓани, со руската „спутник V“ вакцина, кинеската „Синофарм“, вакцината на „Фајзер/Бионтек“, и со „АстраЗенека“. Во Србија досега се вакцинирани 26 отсто од возрасните граѓани со една доза, […]

Во Бугарија гласови на денешните избори се купуваат и за 50 лева


Еден глас чини 50 лева во најсиромашниот регион во Бугарија – Видин, во северозападниот дел на земјата. Ова го објави телевизијата бТВ во новинарската истражувачка сторија. Според сторијата, во видинските села лесно може да се купат гласови. Човек кој се претставувал како Спас од Медовица бил снимен со скриена камера. Објаснува дека на секого му […]

Еден од уапсените антиваксери во Србија бил вакциниран


Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека еден од петте уапсени антиваксери е вакциниран против корона вирус, пренесува Танјуг во неделата. „Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави […]

Нови 1.376 заразени во Хрватска, починаа 33 пациенти


Во последните 24 часа забележани се 1.376 новозаразени со корона вирусот во /Хрватска, а бројот на активни изнесува 13.432. Од нив 1.511 пациенти се на болничко лекување, од кои 158 на респиратор. Починаа 33 лица или вкупно досега 6.058. Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 280.026 лица, до денеска тестирани се 1.582.500, […]

По гласањето на изборите Радев со коментар за шпионскиот скандал и напад врз владата


Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска гласаше на парламентарните избори во земјата, откако претходно го чекаше својот ред да дојде до машината за гласање, јави дописникот на МИА од Софија. -Гласав против распадот на државноста, беззаконието и корупцијата, за слободна и просперитетна Бугарија, рече Радев и ги повика бугарските граѓани да гласаат затоа што „во спротивно […]

Брнабиќ за вакцините за Македонија: Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња


Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини „спутник V“, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва. Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“. […]

Борисов гласаше и оцени дека ова се досега најскапите парламентарни избори во Бугарија – чинат 75 милиони евра


Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, претпладнево го даде својот глас на парламентарните избори, гласајќи во Банки, во близина на Софија, информира дописникот на МИА од Софија. Ова се први избори на кои медиумите во земјава не знаеја кога Борисов ќе гласа, па поради тоа немаше новинари околу него, а неговото гласање само беше покажано на Фејсбук. […]

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори


Бугарија– Во Бугарија денеска ќе се одржат парламентарни избори, а во трката за 240-члениот бугарски парламенти ќе се натпреваруваат 6.895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Изборите се први што се одржуваат во услови на епидемијата од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија. Вкупниот број на гласачи во Бугарија е 6.732.316 лица. Граѓаните својот […]

Додик: Што побрзо да се створат три независни држави од БиХ


  Српскиот член на Претседништвото на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека треба да се збрза мирното разединување на БиХ и на нејзината територија да се створат три независни држави. Додик смета дека одржување на БиХ, таква каква што е сега, е погрешно, дека треба да се оди кон реалноста, додавајќи дека можно е […]

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Грција


  Грција повторно се тресе, откако земјотрес со јачина од 4,7 степени денеска е регистриран во близина на островот Крит, објави атинскиот Национален институт за геодинамика. Епицентарот бил на 95 километри западно од градот Палеохор, на длабочина од 12 километри, пренесува АНА. Во Грција секој ден има земјотреси, но со послаб интензитет. Неодамна имаше силни […]

Помалку новозаразени во Србија, починаа 38 пациенти


  Според најновите информации во Србија забележани се 4.133 новозаразени со корона вирус, а тестирани биле 13.909. Починаа уште 38 лица или вкупно досега 5.422. На респиратор се 297 пациенти, од вкупно 7.749 што се лекуваат во болница. Во Србија досега се регистрирани 614.365 случаи со корона вирус, а тестирани се 3.471.955. Кризниот штаб вчера […]

Пад на бројот заразени и починати во Босна и Херцеговина


  По рекордните 2.154 заразени регистрирани во Босна и Херцеговина, денеска има пад на бројот заразени на 1.368, од 3.508 тестирани, а во истиот период починаа 40 пациенти. Во Федерацијата по направени 2.223 тествои, 861 биле позитивни на корона вирус. Досега тестирани се 553.450 примероци, а корона вирусот е потврден кај 114.849 лица. Во последното […]

Во Хрватска нови 2.234 заразени, починаа 29 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 2.234 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни е 13.753. Меѓу нив 1.469 пациенти се на болничко лекување, а 158 пациенти се на респиратор. Починаа 29 пациенти, односно вкупно досега 6.025. Од февруари лани, о Хрватска се забележани 278.650 заболени со Ковид-19, […]

Албанија загуби во случајот со италијанскиот бизнисмен Бечети, треба да му плати отштета од 110 милиони евра


Албанија го загуби судскиот спор против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обештетувањето што го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година. Земјата сега е обврзана на сопственкот Бечети да му исплати отштета во износ од 110 милиони евра, што е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од арбитражен […]

Во Бугарија е ден за размислување пред утрешните парламентарни избори


Бугарија– Сабота е ден за размислување во Бугарија за време на кое е забрането агитирање. За 240 места во новиот состав на бугарски парламент ќе се борат 6.895 кандидати од 30 партии и коалиции регистрирани за учество на изборите, јави дописникот на МИА од Софија. Ова се први избори во Бугарија што се одржуваат во услови на пандемија Ковид-19, а предизборната […]

Абдиџику: Нови избори на Косово доколку Курти не ги повлече измените на законот за избори


Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) нема да го поддржи предлогот на владејачкото Движење Самоопределување (ВВ) за избор на Вјоса Османи за нова претседателка на државата, доколку ВВ и нејзиниот лидер, премиерот Албин Курти не го повлечат предлогот за измени на Законот за избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што порача лидерот на […]