Во Србија помалку од 300 новозаразени, починаа 11
Во Србија до последните пресек потврдени се уште 266 новозаболени со корона вирус, а од последиците на Ковид-19 починаа уште 11 лица.
Во Србија досега се тестирани вкупно 4.077.396 граѓани, а во последните 24 часа 6.848.
Според податоците од Министерството за здравство и Институт „Батут“, на респиратори се 66 лица, а на болничко лекување 1.402 пациенти.