Нови 518 заразени во Хрватска, починаа 27 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 518 новозаразени, а бројот на активни изнесува 4.361.
Меѓу нив 1.217 пациенти се на болничко лекување, од кои 123 на респиратор.
Починаа 27 пациенти или досега вкупно 7.883.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска досега се забележани 353.735 заразени, а оздравеа 341.491.
Досега тестирани се 1.965.385 лица, од кои 6.497 во последните 24 часа.
До 21 мај потрошени се 1.549.368 дози вакцини, а со една доза вакцинирани се 1.157.655, додека со две 391.713.
Вчера, Националниот штаб соопшти дека ако продолжи трендот на намалување на новозаразени, ќе дојде до попуштање на мерките.