Уште 28 жртви на Ковид-19 во Хрватска
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 525 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денеска изнесува вкупно 4.633.
Меѓу нив 1.331 пациент се на болничко лекување, од нив 131 пациент на респиратор.
Починаа 28 пациенти или вкупно досега од Ковид-19 починаа 7.856.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска од корона вирус се заразија 353.217, а оздравеа 340.728.
Тестирани се вкупно 1.958.888 лица, од кои 5.829 во последните 24 часа.
ДО 20 мај потрошени се 1.507.353 дози вакцини. Досега 1.149.941 лица се вакцинирани со една доза, а 357.412 примија две дози.