Бугарија избори: Запленети рекордни 800.000 лева по докази за купување гласови


Запленети се и одземени над 800.000 лева, по докази за купување гласови во корист на одреден кандидат, партија или коалиција, јавија медиумите во Бугарија повикувајќи се на државното Обвинителство. Вкупната сума е рекордна и била наменета за купување гласови. Од почетокот на кампањата има спроведено 41 предистражна постапка за изборни нерегуларности низ целата држава и […]

Силен земјотрес кај Сисак во Хрватска


  Земјотрес со магнитуда од 4.6 степени според Рихтер предмалку го потресе подрачјето околу Сисак, јави Европскиот медитерански центар за земјотреси. Епицентарот бил кај Сисак, на 20 километри од градот, на длабочина од 2 км. Земјотресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина. Според Хрватскиот сеизмолошки центар пак, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени, […]

Грција: Туризмот и копнените граници се отвораат на 14 мај, под правила и безбедносни протоколи


Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис уште еднаш […]

Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, без него Турција ќе беше и на грчката северна граница


Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница. Како […]

БСП ќе поддржи нова влада, предводена од Слави Трифонов, во коалиција со „Дeмократска Бугарија“ и „Стани. Излези!“


БСП би ја поддржала владата на второпласираната партија на парламантерните избори во Бугарија, од неделата, на шоуменот Слави Трифонов – „Има таков народ“, во која би влегле и „Стани! Излези!“ на поранешниот правобранител на земјата, Маја Манолова, и „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда, Христо Иванов, изјави за Нова ТВ пратеникот на БСП, Христо […]

Мицотакис во посета на Либија – рестарт на односите меѓу двете земји


Средби со претседателот на преодниот претседателски совет Мохамед Јунус ал-Менфи и со премиерот Абдул Хамид Дабиба, ќе оствари грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата денешна посета на Либија, посета која според владината портпаролка ќе го означи рестартот на односите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа […]

Турција приведе 10 пензионирани адмирали кои го бранат поморскиот договор од 1936


ИСТАНБУЛ – Турција приведе 10 пензионирани адмирали за потпишување изјава за поддршка на 85-годишниот поморски договор, а претседателот Таип Ердоган во понеделникот рече дека документот ја надминува слободата на изразување и подразбира државен удар. Во изјавата, потпишана од повеќе од стотина поранешни високи лица од морнарицата, се изразува загриженост дека за Конвенцијата во Монтре може […]

Полициски час и во Косово – сè се затвора


  Владата во Приштина денеска одобри нови антиковид мерки, кои подразбираат ноќен полициски час, сопирање на работата на угостителските објекти и онлајн настава. Забраната за движење на граѓаните ќе важи од 22 до 5 часот наутро, освен во итни случаи. Јавните и приватните институции на предуниверзитетско образование ќе држат онлајн настава од 12 до 18 […]

На „Кнез Михајлова“ во Белград фрлени чадни бомби


Централната улица „Кнез Михајлова“ во Белград, Србија во моментот е полна со чад, откако се поставени повеќе чадни бомби по должина на шеталиштето, јавува Б92. Граѓаните по социјалните мрежи споделуваат фотографии од зачадената улица, каде ништо не се гледа, а како што наведуваат и тешко се дише. Оние кое се затекнале таму, се кријат по […]

Целосно вакцинирани 6,3 отсто од Грците, првата доза ја примиле 11,56 проценти


 Вкупно 1.847.000 вакцинации се спроведени досега во Грција, од кои 1,2 милиони граѓани, односно 11,56 отсто ја примиле првата доза, а 663.000 Грци или 6,31 отсто се целосно имунизирани со двете дози, соопшти попладнево генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на редовната прес конференција за процесот на имунизација во земјата, јави […]

Раководството на бугарските социјалисти поднесе оставка, лидерката Нинова – не


Корнелија Нинова вели дека резултатите се тежок пораз, но не и апокалипса, и дека сега најмногу ѝ треба на партијата   Извршниот одбор на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поднесе оставка по катастрофалниот резултат на изборите во неделата, но не и лидерката на партијата Корнелија Нинова. Според 92 отсто од пребројаните резултати БСП е на третото […]

Обвинители во БиХ ја испитуваат поврзаноста на починати од Ковид-19 и кинеските респиратори


Обвинителството на Сараевската жупанија денеска започна истрага дали луѓето умираат од Ковид-19 затоа што се поврзани со неквалитетни респиратори од Кина. Одлуката е донесена откако 17 анестезиолози од Клиничкиот центар во Сараево предупредија дека е обезбедена несоодветна опрема за пациентите со најтешка клиничка слика на Ковид-19. Бидејќи бројот на смртни случаи нагло се зголеми, анестезиолозите, […]

Кој е Слави Трифонов, вистинскиот победник на изборите во Бугарија


На бугарските граѓани едни продаваат автопати, други омраза, а лидерот на партијата Има таков народ им продава сон   Успехот на партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов ја испомеша бугарската политичка сцена на изборите во неделата. „Независен“ минатата седмица објави портрет на овој шоумен кој стана политичар објавен во бугарскиот весник „Дневник“. Денеска […]

По изборите во Бугарија сите чекаат да видат кој прв ќе трепне


Погледите на јавноста се свртени кон новата политичка ѕвезда Слави Трифонов и неговата партија, како и кон претседателот Румен Радев. Засега Трифонов молчи   (Од нашиот дописник)                                                          […]

Во Србија ревакцинирани 20 отсто од населението


Во Србија околу 26 отсто од населението е вакцинирано со една доза, а 20 отсто со две дози од вакцината против коронавирус, соопшти денеска српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа прецизираше дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години – вакцинирани се 41 […]

Кон: Кој ќе избере да не се вакцинира, го избира вирусот


Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во Србија се смирува ширењето на заразата со коронавирусот и оти бројот на заразени лица ќе се намалува, јави Бета. Кон за РТС изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“. – Во Белград се гледа јасен пад. Од друга страна, требаше некому […]

ВМРО на Каракачанов не влегува во парламентот, пирова победа на Борисов


Жешка изборна шлаканица за партиите што беа во досегашниот парламент. катастрофа за БСП. По подолго време во собранието нема да има екстремна националистичка партија   Партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, победи на изборите во Бугарија, но изгледа дека тоа ќе биде горчлива победа, затоа што формирањето нова влада ќе биде речиси невозможна мисија за […]

МЗ на Црна Гора: Нема докази дека смртта на пациентот е поврзана со „АстраЗенека“


Министерството за здравство на Црна Гора соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ и оти нема докази дека причината за смртта на еден осумдесетгодишник е вакцината што ја примил претходниот ден. Комисијата за анализа на несакани ефекти по вакцинирање при Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзаност на смртта на […]

Прво смс, па на шопинг – се отвораат продавниците во Грција


Под посебни правила и прописи, со задолжителна испратена смс порака и со ограничено време за шопинг на граѓаните, по пауза од два месеци, продавниците во Грција одново се отвораат, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак, отворањето нема да биде целосно и на начин на кој малопродажбата функционираше по нормални услови, бидејќи ќе работат само […]

Вјоса Османи е нова претседателка на Косово


Вјоса Османи е нова претседателка на Република Косово, откако вечерва за нејзиниот избор гласаа мнозинството пратеници во републичкото Собрание, јави дописникот на МИА од Приштина. Досегашната пратеничка, а поранешна собраниска спикерка на Собранието и вршителка на должноста претседателка на државата, 39-годишната правничка Османи, го доби петгодишниот мандат на чело на државата во третиот круг на […]