Петриња не престанува да се тресе
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска утрово забележаа послаб земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтер, со епицентар на околу осум километри југозападно од Петриња.
Потресот се случил во 4.37 часот. Интензитетот во епицентаорт бил од III степен по ЕМС скалата, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Од лани, тлото околу Петриња, Сисаск и други помали места во Хрватска постојано се тресе. Најголемиот земјотрес во кој имаше и жртви се случи лани пред Нова година, а беше со јачина од 6,3 степени според Рихтер. Од тогаш тлото не престанува да се тресе.