Пораст на бројот реинфицирани во Србија, виновник е британскиот сој


Случаи на заразување со корона вирус по втор пат, според светскит еизвештаи, веќе не се ретки, а бројот на реинфекции константно се зголемува.

Како што пренесуваат српските медиуми, кај нив е регистриран пораст на стапката на реинфекција за 25,7 отсто по почетокот на доминацијата на британскиот сој.

Реинфекцијата всушност значи дека лицето кое се разболело, па оздравело, повторно се инфицирало. Стручњаците велат дека врз основа на она што се знае за вирусите слични на корона може да се очекува реинфекција во текот на понатамошниот развој на пандемијата, додека причината за сегашните реинфекции не може сигурно да се утврди.

Иако, засега не е официјално докажано дека мутациите на вирусот се причина за повторно заразување, стручњаците тврдат дека оваа можност не е исклучена, со оглед на тоа дека токму новите соеви доведоа до побрзо ширење на вирусот, како и потешки клинички слики, но и пораст на реинфекции.

Имунологот Борислав Каменов, таквата појава сепак ја припишува на ослабениот имунитет.

„Проблемот е во тоа што ослабениот имунитет по прележаната инфекција не се поправа, и така настанува повторно заразување. Луѓето не сфаќаат дека мора да го поправат совојот имун систем со внесување доволно витамини, а особено витамин Де. Ако тие не го решат тој проблем, ако не го поправат својот имун систем, имаат десет пати поголеми шанси да заболат од корона“, вели за „Блиц“ Каменов.

Додава дека е можно такво нешт да е предизвикано и со појавата на мутациите на вирусот, но вели тоа што не го „убивме“ вирусот на време, доведе до тоа „да имаме мутации кои понатаму доведуваат до други последици“.