Во Босна и Херцеговина нови 304 заразени – епидемијата никако да стивне


 

Босна и Херцеговина повторно денеска пријави повеќе од 300 новозаболени.

Влупно заразени со Ковид-19 се 304 лица, од кои 246 во Федерацијата од 1.228 тестирани, а во репсублика Српска има 58 новозаразени.

Во Федерацијата Ковид-19 е потврден кај вкупно 14.648 лица, од кои 10.474 оздравеле, а пријавен е еден смртен случај денеска. Вкупно од Ковид-19 починале 400 пациенти.

Во Република Српска има нови 58 заразени, а пријавени се три смртни случаи.