Четири случаи на подсој на омикрон регистрирани во Црна Гора


Црна Гора – Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје. Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“. Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта […]

Бугарија: Обвинителството проверува дали е користен софтверот „Пегаз“ во владини агенции за незаконското прислушување


Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството. Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот […]

Србија ја ограничи цената на горивата, ќе вработи 1.000 дипломирани медицински лица


Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати […]

БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла


Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, па е намален на 4,1, а епицентарот бил во близина на Тузла. Се почувствува низ цела БиХ, но и во Хрватска, Србија и Словенија. Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина околу 15:20 часот, соопшти ЕМСЦ. […]

Мицотакис: Со Хрватска ги делиме истите вредности за безбеден и просперитетен Балкан


 Со Хрватска, како партнери, како сојузници, ги делиме истите вредности, истите принципи за заедничка визија за безбеден Балкан, полн со проспретитет,  порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ во Загреб,  јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска е во еднодневна официјална посета на Хрватска, а по средбата со […]

Хрватската Влада нуди по 26.500 евра за секој иселеник, само еден се пријавил да се врати во земјата


 Откако хрватската Влада понуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице. Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на […]

Хакер бара од А1 Хрватска половина милион долари во криптовалути


А1 Хрватска вчера објави дека имало хакерски упад во нивниот систем за податоци и дека податоците на дел од корисниците биле загрозени, јавија хрватските медиуми. За жал, и покрај напредните мерки за заштита и постојаното подигање на нивото на безбедност, се случи безбедносен инцидент поврзан со една од базите на податоци на корисници, со што […]

Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите


Словенечките синдикати на работниците од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата до следната недела не одговори на нивните барања за зголемување на платите. На прес-конференција денеска  Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек, кои ги претставуваат овие синдикати во преговорите со Владата, соопштија дека се уште не добиле одговори на нивните предлози, а тоа очекуваат […]

Турција се токми да ги забрани Дојче веле, Еуроњуз и Гласот на Америка


  АНКАРА – Турското тело за следење на радиодифузијата им даде на три меѓународни новински агенции 72 часа да добијат дозвола за работа или да им биде блокиран пристапот до нивните платформи, изјави во средата еден од нејзините членови. Илхан Ташчи го критикуваше потегот на Врховниот совет за радио и телевизија (РТУК) да бара лиценци […]

Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија


Владата на Косово донесе денеска одлука за спроведување на санкциите кои ги воведе Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани со режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко. Како што соопшти службата за информирање на косовската Влада, санкциите подразбираат замрзнување на нивните средства во Република Косово, забрана за патување и […]

ЕУ: Србија е слободна да склучи договор со Кина, но ќе мора да го напушти кога ќе влезе во ЕУ


Србија е слободна да склучува трговски договори со други земји или организации пред да влезе во Европската унија, „под услов тоа да не биде на штета на одредбите од Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано, јави дописникот на МИА од Белград. Осврнувајќи се на […]

Нови услови за влез во Грција


  Грција ги ажурираше протоколите за влез во земјата. Според новите правила, влезот во Грција за потполно вакцинирани луѓе е овозможен без поседување негативен тест пред патувањето. Ова може да биде навремена одлука пред претстојните празници и одморите. Управата за воздухопловство на Грција ја објави ажурираната директива која дозволува исклучок од тестирање. Исто така, потврдите […]

Протести во Турција поради високите цени на струјата и на гасот


Главната турска опозициска партија денеска ги поддржа демонстрациите кои се организирани ширум земјата поради зголемувањето на цената на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината. Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, најмногу во речиси 20 години, откако на почетокот на годината поскапеа струјата, гасот и патарините. Üsküdar’dan saray sosyetesine sesleniyoruz; […]

Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата


Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата. Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот […]

Бугарија последна во Европа по вакцинација против Ковид-19


Бугарија–  Околу една третина од населението во Европа се уште не е вакцинирано против Ковид-19, а Бугарија е на последно место според тој индикатор. Тоа го нагласи денеска Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Амон учествува на онлајн семинарот „Научниот одговор на Европската унија на дезинформациите за КОВИД-19“, организиран […]

Сакеларопулу и Мицотакис ја повторија грчката поддршка за ЕУ интеграцијата на Западен Балкан


Ставот дека „европската перспектива на Западен Балкан е од политички и економски интерес на Европа“, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повтори и на свечената вечера во претседателската палата во Атина во чест на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбите со црногорскиот претседател кој е во […]

Илјадници здравствени работници во Турција штрајкуваат поради ниски плати


Турција– Илјадници турски здравствени работници, лути поради обезвреднување на приходите поради високата инфлација, денеска стапија во еднодневен штрајк со барање за подобри плати и услови за работа. Членови на здруженија на лекари и синдикати организираа протести во Анкара и Истанбул, барајќи повисоки плати, кои за некои се малку над минималната плата. Демонстрантите бараат и пократки смени, воведување […]

Светскиот економски форум отвора центар во Белград


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Светскиот економски форум ја избра Србија како една од 16-те земји во кои ќе отвори свој центар, „што е големо признание за образовниот систем, економијата и граѓаните на Србија“. Брнабиќ за РТС од Женева посочи дека Србија е препознаена како земја на напредни технологии. – Светскиот економски форум […]

Косовските пратеници лани потрошиле над 100 илјади евра за патување на седници


Пратениците во Собранието на Косово во текот на 2021 година, на име на патни трошоци за учество на пленарните и на седниците на собраниските комисии, примиле надоместоци во висина од вкупно 100.530 евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Според податоците што денеска ги објави Собранието, прв на списокот на корисници на надоместокот е пратеникот на […]