Во Хрватска нови 1.741 заразени, починаа 21 пациент


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.741 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 9.894. Од нив, 947 пациенти се лекуваат во болница, од кои 128 на респиратор. Починаа 21 пациент. Според хрватските медиуми, пред една недела, имале 1.007 новзаболени, а пред две седмици 1.074 нови случаи.

Во Словенија секој трет тест е позитивен на Ковид-19


Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 новозаразени со корона вирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки. Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат. Причината за повторното ширење на …

Во Словенија секој трет тест е позитивен на Ковид-19 Read More »

Рекорден број на новозаразени и починати од Ковид-19 во Бугарија


Во Бугарија има 4.979 новозаразени со Ковид-19, според податоците во Националниот информативен систем. Oва претставува 18,6 отсто од направените тестови. Досега се потврдени вкупно 545.598 случаи на коронавирус во Бугарија, од кои 63.241 се активни. Во последните 24 часа оздравеле 2.009 лица, додека таа бројка од почетокот на пандемијата изнесува 459.869 лица. Бројот на нови …

Рекорден број на новозаразени и починати од Ковид-19 во Бугарија Read More »

Земјотрес од 6,1 степен во морскиот дел јужно од грчкиот остров Карпатос


Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.

Словенечката опозиција бара оставка од Владата поради вакцината „Џонсон и Џонсон“


Словенија– Словенечката опозиција денеска побара оставка од Владата поради одлуката за вакцината „Џонсон и Џонсон“, откако 20-годишна девојка почина неодамна по примањето на оваа вакцина.   Девојката почина две недели по имунизацијата од згрутчување на крвта, што е ретка појава од вакцината на „Џонсон и Џонсон“. За разлика од другите земји на ЕУ кои ја …

Словенечката опозиција бара оставка од Владата поради вакцината „Џонсон и Џонсон“ Read More »

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на модернизацијата на пругата Суботица-Сегедин


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваа денеска во Хоргош на церемонија по повод почеток на работите за реконструкција и модернизација на пругата Суботица – Хоргош – граница со Унгарија (Сегедин), јави дописникот на МИА од Белград. -Пругата од Суботица до Сегедин ќе биде поврзана со брзата пруга од Белград …

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на модернизацијата на пругата Суботица-Сегедин Read More »

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан


Во американскиот Конгрес на 26 октомври ќе се одржи расправа со наслов „Ангажман на САД на Балканот“, на која треба да се дискутираат насоките на американската политика. Сослушувањето треба да се одржи во 14 часот по локално време, или 20 часот по средноевропско време, според веб – страницата на Одборот за надворешни работи. Пред неколку …

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан Read More »

Бакојани има рак 


Грција – Петстотини луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив, веќе сум и јас, напиша поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани (67) на нејзиниот официјален Фејсбук профил, соопштувајќи дека има рак на плазма клетките, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот …

Бакојани има рак  Read More »

Тензично почна новата академска година во Албанија поради задолжителната вакцинација


 Новата академска 2021/2022 година, во Албанија, почна денеска, но, во тензична ситуација на повеќето факултети, поради условот за влез студентите да поседуваат сертификат за вакцинација или негативен тест на Ковид-19. Најтензично било на Факултетот по историја и по филологија во Тирана, каде дошло до судир на студентите со тројцата полицајци кои биле на влезот во …

Тензично почна новата академска година во Албанија поради задолжителната вакцинација Read More »

Меркел на крајот од месецов во посета на Грција


Грција– За 29 октомври, според грчките медиуми, е договорена посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина, што ќе биде и проштално патување во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Засега, нема официјална потврда за посета, а минатата седмица, грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори, пишуваше дека на Самитот во Словенија грчкиот …

Меркел на крајот од месецов во посета на Грција Read More »

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг


По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев. Од досега објавените резултати на веб -страницата на Централната изборна комисија, Дечани, Качаник, Јужна Митровица, Лепосавиќ, Липљан, Ново Брдо, Обилиќ, Пеќ, Србица, Штрпце, Сува Река, Урошевац, Зубин Поток, Звечан, Генерал …

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг Read More »

Шест болници одбиле да примат пациентка во Софија


  Шест болници во Софија, Бугарија, одбиле да примат пациентка која имала тежок облик на Ковид-19, заради што возилото на итната помош три часа кружело низ градот, јавува „Новините“. Жената, која била приклучена на кислород, примена е дури во седмата болница, наведува бугарскиот портал. Како што велат од итната служба, тие работат на граница на …

Шест болници одбиле да примат пациентка во Софија Read More »

Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ – тема и Западен Балкан


Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН. Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната …

Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ – тема и Западен Балкан Read More »

Земјотрес од 5 степени во Албанија


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, регистриран е во соседна Албанија. Земјотресот бил почувствуван во 22.13 часот, на 53 километри северозападно до главниот град Тирана. Потресот се случил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почуваствуван по целиот брег на Албанија, но и во соседна Црна Гора. M5.0 #earthquake (#tërmet) strikes 54 …

Земјотрес од 5 степени во Албанија Read More »

ЦИК: На локалните избори во Косово излезноста е 42,85 отсто


Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК) на денешните локални избори гласале 42,85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезност е регистрирана во српските средини. Во Малишево уапсени се две лица, набљудувач и член на изборната комисија поради купување на гласови. На приведените одреден им е притвор од 48 часа. Во …

ЦИК: На локалните избори во Косово излезноста е 42,85 отсто Read More »

Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина


Србија– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која денеска ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, изјави дека во моментов се бараат модалитети за воведување на ковид пропусници, на начин што нема да биде можно злоупотреба и фалсификување, и додаде дека размислува за владина одлука која тоа би го овозможила, јави дописникот на МИА од …

Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина Read More »

Ердоган: САД ни предлагаат Ф-16 во замена за инвестицијата за Ф-35


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека САД понудиле на Турција да и продадат борбени авиони Ф-16 во замена за нејзината инвестиција за Ф-35. Ердоган претходно наведе дека Турција сака надомест за инвестицијата од 1,4 милијарди долари за купување на авионите Ф-35. Турција имаше порачано над сто авиони Ф-35, но САД се откажа од …

Ердоган: САД ни предлагаат Ф-16 во замена за инвестицијата за Ф-35 Read More »

Голем број жители од Македонија гласаа во две држави


За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори. За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево …

Голем број жители од Македонија гласаа во две држави Read More »

Косовските лидери повикуваат да се излезе на гласање


Највисоките претставници на политичките партии и институции во Косово денеска ги повикаа граѓаните масовно да излезат на локалните избори и да ги изберат најдобрите кандидати за градоначалници и советници во 38 општини на Косово, јави Бета. Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, изјави дека денеска сите гласаат за квалитетот на животот во општините во кои живеат. – …

Косовските лидери повикуваат да се излезе на гласање Read More »

Уште еден земјотрес во близина на Петриња во Хрватска


Околу 18.46 часот, сеизмографите од Сеизмолошката служба забележаа послаб потрес со епицентар на 7 километри јужно од Петриња во Хрватска. Магнитудата на земјотресот изнесува 2,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е III степени според ЕМС, јави Сеизмолошката служба. На ова подрачје веќе речиси една година се јавуваат повремени земјотреси, по првиот силен …

Уште еден земјотрес во близина на Петриња во Хрватска Read More »