Рама предупредува: ЕУ треба да биде внимателна, Западен Балкан не е во добра фаза


Премиерот на Албанија Еди Рама оцени дека Западен Балкан не е во добра фаза, а поради тоа ЕУ треба да биде внимателна. Тој во интерјву за грчка „Та неа“, вели не се плаши од дестабилизација. „И политичките фактори внатре во Западен балкан, и во Европската унија, мора да бидат внимателни. Симптомите од овој вид не […]

Во БиХ пропаднаа повеќе од 600.000 вакцини


Иако надлежните често истакнуваат дека вакцинацијата претставува најдобро оружје во борба против Ковид-19, во БиХ досега им истече рокот на повеќе од половина милион вакцини. Имено, во БиХ во моментот повеќе од 600.000 вакцини против корона чекаат да бидат уништени, а евидентно најголем број однив се од „АстраЗенека“. Според лекарите, една од причините зошто толкав […]

Страшни бројки во Бугарија – 334 починати од корона


Пандемијата на ковид во Бугарија и натаму беснее – во последните 24 часа регистрирани се дури 334 жртви. Има 5.286 новозаболени од направени 48.136 теста. Според податоците 85,70% од новозаразените не се вакцинирани. Од оние што починале 94.31% биле невакцинирани. В моментов има голем број активни случаи, 114.301. Хоспитализирани се 8.516 души,  а од нив […]

Петриња повторно погодена од земјотрес


Малку пред 14 часот денеска, земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер, повторно е регистриран во близина на Петриња во Хрватска. Сеизмолошката служба јави дека епицентарот бил кај Петриња и дека интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата. „Денеска, во 13.44 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа умерен потрес […]

Во Бугарија гласачите се поткупуваат со огревно дрво


Обезбедувањето огревно дрво за населението стана заложник на претстојните избори на 14 ноември во Бугарија. Како што пишуваат бугарските медиуми, во одредени региони во земјата шумарите им ги делат дрвата на локалното население преку списоци со поддржувачи на поединечни партии. Тоа го изјави министерот за земјоделство Христо Бозуков. Во голем број региони во земјата огревното […]

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји


Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција потребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на […]

Во Хрватска починаа уште 48 пациенти со ковид-19, 80 отсто не биле вакцинирани


Денеска во Хрватска регистрирани се 1.242 нови случаи, а тестирани се 3.703 лица. Уделот на заразени во тестирани опадна и изнесува 33,54 отсто. Истовремено починаа 46 лица, објави Националниот штаб. Вчера, во Хрватска имаше 4.159 новозаболени, а активни беа повеќе од 32.000. За само два дена во хрватска од последиците на корона вирусот починаа 100 […]

Во Словенија позитивни се 43 отсто од тестираните


Во Словенија, денеска се регистрирани 1.282 нови случаи со корона вирус. Починаа уште 12 пациенти. Уделот на позитивни од тестирани е 43,3 отсто, пренесе Хина. Националниот институт за јавно здравје проценува дека во земјата во моментот, активни се повеќе од 36.600 случаи со корона вирус.

Конгресмени бараат од Бајден поцврст став кон Вучиќ


Едно писмо во кое се бараат и санкции спрема оние што го дестабилизираат Западен Балкан, ја крена на нозе власта во Белград   Писмото од група конгресмени упатено до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое се предлага блокада на имотот и забрана за патување за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, обвинувајќи го српскиот претседател […]

Грција воведе строги мерки за невакцинираните – порасна интересот, а се плаќаат и казни


Во Грција двојно се зголеми неделниот број вакцинирани против Ковид-19, откако владата одлучи да воведе построги мерки за невакцинираните. Во првата недела од ноември повеќе од 40.000 луѓе примиле прва доза вакцина против корона вирус, според извештајот што го пременсува „Катимерини“, денеска. Во последната недела од октомври тој број изнесувал 25.000. Мерки за невакцинираните Од […]

Речиси 3.900 новозаболени во Србија, починаа 69 пациенти


  Во Србија до последниот пресек потврдени се 3.888 новозаболени од корона вирус. Од последиците на Ковид-19 починаа 69 пациенти, со што е изедначен највисокиот број починати во еден ден од почетокот на епидемијата. Последен пат, олкав број починати имало на 4 декември лани. Тестирани биле 13.386 лица. На респиратори во болниците има 266 пациенти, […]

Вучиќ ја прими третата доза вакцина


Србија- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими третата доза од вакцината Синофарм. Вучиќ третата доза од вакцината ја примил на пунктот за вакцинација во хала 7 на Белградскиот саем.  Вучиќ побара уште еднаш од граѓаните, и на тој начин да се заштитат, и уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои […]

Словенија, Хрватска, Црна гора и Србија меѓу 10-те земји со најмногу новозаболени во светот


На оваа листа две земји од Балканот се први по бројот на починати – Романија и Бугарија   Три земји од регионот – Словенија, Хрватска и Црна Гора – се меѓу десетте земји во светот кои забележаа најголем број новозаразени со корона вирусот на милион жители во последните седум дена. Србија е на десеттото место […]

Во Хрватска починаа 50 лица од ковид


Во последните 24 часа регистрирани се 4.159 нови случаи на инфекција со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи е вкупно 32.000. Од нив, 1.848 пациенти се во болница, од кои 248 се на респиратор. Починаа 50 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега […]

Земјите во регионот ги заоструваат мерките против ковид


Регионот ги заострува ковид мерките.Словенечката влада донесе голем број нови рестриктивни мерки, но не се одлучи за заклучување. Новите мерки стапуваат на сила од утре, а меѓудругото опфаќаат скратување на работата на кафеаните и забрана за собирање луѓе кои не се членови на исто домаќинство. Угостителските објекти ќе можат да работат, при што нивното работно […]

Состанок под превезот на тајност: За што разговараа Додик и Орбан во Бања Лука


Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој според највлијателните западни земји е главната причина за актуелната политичка криза во Босна и Херцеговина. Средбата се одржа во Класница во ресторанот Кеј, помеѓу Лакташи и Бања Лука. Орбан средбата ја опиша како „пријателска и работна“ и на неа го […]

Уште 50 жртви на Ковид-19 во Хрватска


Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска соопшти дека во последните 24 часа во оваа земја регистрирани се 7.094 нови случаи со корона вирус, а вкупно активни има 31.689. Од нив 1.786 пациенти се лекуваат во болница, а 234 на респиратор. Починаа уште 50 пациенти. Од почетокот на епидемијата вкупно се забележани 497.168 лица заразени […]

Во Србија од корона вирусот починаа уште 65 пациенти


Според последните информации во Србија регистрирани се уште 4.804 новозаразени со корона вирусот, а починаа 65 пацинти. На респиратор се 272 пациенти, а во болница се лекуваат 6.698. Во последните 24 часа теситрани се 16.931. Процентот на смртност изнесува 0,87. Лекарите постојано повикуваа на вакцинација, а нивната проценка е дека и понатаму премалку луѓе доаѓаат […]

Почина фолк-пејачот Маринко Роквиќ


Српскиот пејач на народна музика Маринко Роквиќ почина денеска,во Белград, на 68-годишна возраст по тешко боледување. Семејството Роквиќ преку соопштение наведе дека Маринко починал по тешка борба со ракот на панкреасот. -Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на […]

Бугарија: Анкетата на „Галуп“ покажа огромно водство на ГЕРБ


Работите изгледаат прилично јасни на една недела пред изборите во Бугарија: ГЕРБ, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, има големо водство пред нејзините конкуренти, само прашање е како би можела да формира влада. Тоа го покажува анакетата на „Галуп“, спроведена од 23 до 31 октомври. За ГЕРБ би гласале 24,2 отсто од граѓаните, а далеку […]