Пожар на Автобуската станица во Сараево, има и повредени


На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми, има и повредени.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица.

Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата, јавува klix.ba.

 

Засега не е позната причината за пожарот во општината Ново Сараево, но се претпоставува дека пожарот почнал по силна експлозија во сендвичарница за донер, по што брзо се проширил и во другите простории.