Во Бугарија починаа 187 лица од ковид во последниве 24 часа
Високите бројки од кови пандемијата во Бугарија никако да паднат. Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 6.130 нови случаи на коронавирус, при што се направени 35.342 тестови. Тоа значи дека 17,34% од примероците биле позитивни. Од новите случаи, 77,32 отсто се невакцинирани.
Во последните 24 часа починале 187 лица, од кои 84,49 отсто не се вакцинирани.
Нови хоспитализации има 939, од кои речиси 86 отсто не го завршиле циклусот на вакцинација. Бројот на заболени од корона вирус на одделенијата за интензивна нега е 605.
Излечени се 7.426 лица во последните 24 часа, а дадени се 3.813 вакцини.