„Мајкрософт“ ја прекина соработката со фирмата поврзана со синот на Додик


  Американскиот технолошки џин „Мајкрософт“ ја прекина соработката со компанијата „Проинтер“ од Бања Лука, поврзана со Игор Додик, синот на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, што е нов чекор во заострувањето на режимот на санкции, пишуваат локалните медиуми во БиХ. „Мајкрософт“ го раскина партнерството со „Проинтер“, се вели во соопштението на регионалната […]

Во Софија се формира движење на политичките противници на Путин


Во Софија се одржува конститутивна конференција на граѓанското движење „За слободна Русија“, јави дописникот на МИА од Софија. Организатор на конференцијата е Генадиј Гудков, кој четирипати беше пратеник во руската Дума и беше принуден да ја напушти Русија од режимот на Кремљ. На конференцијата присуствуваат руски опозиционери, кои живеат во Полска, Чешка, Летонија, Литванија, Белорусија […]

Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега


Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна […]

Голем корупциски скандал: Уапсен хрватскиот министер Хорват


Полицијата во соработка со УСКОК утрово изврши претрес во куќата на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват во Меѓумурје. Истрагите се поврзани со злоупотреба на службената должност и овластувања. Министерот Хорват денеска е уапсен, а попладне ќе биде сослушан. Според неофицијални информации, станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски дејствија. […]

Убиен полицаец во несреќен случај во Косово


Припадник на косовската полиција е убиен синоќа во несреќен случај во село во близина на Приштина, откако бил погоден од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу полноќ, на приватна седенка во селото Златар. Смртта на полицаецот ја констатирале […]

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки


Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање […]

Продолжува потрагата по исчезнатите по пожарот на траектот во близина на Крф


Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со […]

Хина: Полициски претрес во станот на хрватскиот министер Дарко Хорват


Полицијата утрово почна да го претресува станот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват, пренесува Хина неофицијални информации од хрватските медиуми. Полицијата и државното обвинителство се уште не се изјасниле околу таа информација. Порталот Телеграм неофицијално дознава дека Хорват е поврзан со злоупотреба на службената положба и овластувањата. Извори за […]

Загина српскиот амбасадор во Португалија


Амбасадорот на Србија во Португалија, Оливер Антиќ загина денеска во несреќен случај откако паднал од карпа во градот Кашкаишу во близина на Лисабон, соопшти локалната противпожарна служба. Портпарол на противпожарната бригада не ги коментираше околностите на несреќата, само наведе дека службите за брза помош пристигнале на местото на инцидентот околу 13.30 часот и го пронашле […]

Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф


Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и […]

Гори хрватската резиденција во Белград


Пожар избувнал во резиденцијата на Хрватската амбасада во центарот на Белград, објави Нова.рс. Gori centar Beograda, izgleda je ambasada Hrvatske pic.twitter.com/5HKGRMbcOj — ketrine (@KetrineInEksn) February 18, 2022 Како што неофицијално дознава порталот, гори дел од резиденцијата под покривот, а пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Засега нема информации за повредени.

На Србија и недостигаат 5.000 здравствени работници и 10.000 возачи


На Србија и недостигаат околу 5.000 здравствени работници и 10.000 професионални возачи. – Анестезиолози, невролози, педијатри, офталмолози се само дел од специјалистите кои недостигаат во здравствените установи во Србија, а нивниот број дополнително е „преполовен“ поради пандемијата на коронавирус, пишува порталот Нова рс. Според анализата на Фискалниот совет од 2021 година, Србија има дефицит од […]

Петков: Ги лажевме европските лидери, затоа Бугарија не може да влезе во Шенген


  Европските лидери немаат доверба во Бугарија за Шенген, бидејќи многу од дадените ветувања не се исполнети, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Брисел. Тој рече дека разговарал за ова прашање со холандскиот премиер Марк Руте, една од земјите што се противат на приемот на Бугарија во Шенген зоната. „Проблемот е што со […]

Милановиќ е против проширување на НАТО кон Украина


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека НАТО не треба да се шири кон Украина. – Додека сум претседател, ќе бидам против проширување на НАТО каде било, рече Милановиќ пред новинарите во Пожега. Изјавата на хрватскиот претседател, која е спротивна на политиката на отворени врати на Алијансата, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните […]

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец


На меѓународниот аеродром во Тирана спречен е обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун, јави дописничката на МИА од Тирана.   „Полицискиот комесаријат на аеродромот ‘Ринаси’, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена […]

Опозициските пратеници ја напуштија свечената седница на косовското Собрание


Пратениците на трите најголеми опозициски партии во Собранието на Косово ја напуштија денешната свечена седница по повод Денот на незавианоста, во знак на протест поради зчоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако неколку пати му дофрлија да престане со пропагандата за наводните успеси на неговата […]

Бугарски маки: Ем да е со НАТО, ем да е со Русија


  Евроатлантска Бугарија се однесува како длабоко провинцијална земја. Се разбира, провинцијализмот не е спорадичен изблик, туку постојана состојба на живеење на секоја поединечна провинциска земја. Но, во меѓународните кризи, рабовите на нашиот параден костум блескаат, пишува Веселин Стојнев во својата анализа за бугарската редакција на Дојче веле. „И да се биде во НАТО и […]

Илир Мета останува претседател на Албанија, одлучи Уставниот суд


  Уставниот суд на Албанија го отповика гласањето на парламентот за разрешување на претседателот Илир Мета поради наводно заговарање насилство и кршење на уставот. Во јуни, 104 пратеници во 140-члениот парламент, главно од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, гласаа за разрешување на Мета, но според законот, Уставниот суд мораше да го има последниот […]

Бугарија: На Радев сега не му чини ни владата на Петков


  „Владата мора да се погрижи политиката и геополитиката да не ја убијат бугарската економија. Потребни ни се сигурни, одржливи мерки и решенија, а не само добри намери. Времето за анализи заврши, ги чекаме резултатите“. Ова го изјави шефот на бугарската држава, Румен Радев, во Пловдив, каде што денеска посети една металуршка компанија. Ова е […]