Петков: Ги лажевме европските лидери, затоа Бугарија не може да влезе во Шенген

Бугарскиот премиер изјави дека неговата земја се однесувала како лажливото овчарче, па сега многу европски држави не ѝ веруваат


 

Европските лидери немаат доверба во Бугарија за Шенген, бидејќи многу од дадените ветувања не се исполнети, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Брисел.

Тој рече дека разговарал за ова прашање со холандскиот премиер Марк Руте, една од земјите што се противат на приемот на Бугарија во Шенген зоната.

„Проблемот е што со текот на годините, многу работи што им ги ветивме, ги лажевме, и немаат доверба. А сега треба да направиме ново ниво на доверба. Тие подаваат рака, но сите ја знаеме приказна за лажливото овчарче. Значи, од тука понатаму, важно ни е да покажеме дека новата бугарска влада го прави тоа што го ветува“, рече Петков.

Премиерот рече дека земјата треба да изгради доверба со тоа што ќе почне да ги исполнува критериумите.

„Што значи тоа – навистина да нема шверц на границите, да има навистина контрола на европската граница, да се осигура дека не само како закони и реторика, туку како вистинска имплементација ќе го постигнеме и ветив дека ќе започнеме сериозен дијалог и области кои ги гледаат како потенцијални дефицити, да се обидеме веднаш да работиме на нив“, додаде тој.Кирил Петков.

Бугарија веќе ги исполни техничките критериуми за членство во Шенген, но некои земји-членки повикаа на одложување на пристапувањето и рекоа дека очекуваат напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата. За да се донесе одлука за приклучување во Шенген зоната потребен е консензус во ЕУ.