Вучиќ за Украина: Ние малите треба да се скриеме под камен


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека со принцот Алберт разговарал за позициите на Монако и Србија за прашањето за кризата во Украина и повторил дека политиката на Србија е воена неутралност и дека тоа е трајно уверување на државата и дека Србија строго се придржува до меѓународните правни норми. „Нашата […]

Кризата во Украина нема да го загрози снабдувањето со гас на Србија


Србија поради украинската криза не би требало да има проблеми со увозот на неопходните количини природен гас од Русија, оценија денес генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ и претседателот на Собранието на Здружението за гас на Србија, Воислав Вулетиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. -Србија не треба да биде загрозена во однос на увезените […]

Украина, Западен Балкан, снабдувањето со природен гас теми на средбата на Мицотакис со бугарската делегација предводена од Василев  


Заедничката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, ја истакнале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, кој ја предводи бугарската владина делегација во Грција за време на денешната средба во Атина, на која станало збор и за случувањата во Украина, билатералната соработка, како и снабдувањето со гас, јави […]

Радев: Нема решение за кризата во Украина со кршење на меѓународното право


   Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека кон неуспех за деескалација води признавањето на самопрогласените републики во Донбас од страна на Руската Федерација, и доведе до зголемување на тензиите во целиот регион. „Одржливо решение за оваа криза не може да се најде со кршење на меѓународното право и воените средства“, напиша Радев на Твитер. 

Јанша ја повика ЕУ да и понуди на Украина перспектива за членство


Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае самопрогласените републики во Доњецк и Луганск и ја повика Европската унија да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство. „ Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, од договорoт во Будимпешта. Словенија го осудува овој нелегален […]

Ни Бугарија нема разбирање за одлуката на Путин


Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва на својот профил на Твитер експресно ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. „Мора да […]

Вучиќ: Притисокот врз Србија ќе биде поголем од кога било претходно поради одлуката на Путин


По одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за признавање на двете самопрогласени републики во источна Украина, Доњецк и Луганск, српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека позицијата на Србија не е лесна и дека ја доведува во ситуација кога има бројни предизвици, како и дека се почнати притисоци за воведување на санкции кон Русија, јави […]

Путин го испраќа својот врвен советник на Балканот


БЕЛГРАД – Со сите очи вперени кон можна руска инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин, според извештаите, го испраќа својот висок безбедносен пратеник на Балканот, каде што Москва се обидува да одржи влијание главно преку својот сојузник Србија. Српските провладини медиуми во понеделникот објавија дека Николај Патрушев, моќниот секретар на Советот за безбедност на […]

Ѓоковиќ вложува 300 милиони евра во комплекс со голф терени во Црна Гора


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да купи големо земјиште во Будва за да изгради мега комплекс со голф терени, хотели и други содржини, објави црногорскиот весник „Вијести“. Според истиот извор, српскиот тенисер планира да го реализира проектот со поддршка на инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати, а вкупната инвестиција се проценува на над 300 милиони евра. Ѓоковиќ, како што […]

Пак голем број починати во Хрватска и Србија – 54 и 55


  Во Хрватска во последните 24 часа се ригистрирани само 312 нови случаи на корона вирусот, но бројот на починати и натаму е висок – 55. Вкупно досега од почетокот на пандемијата починаа 14.969 лица во Хрватска. Во Србија починаа 55 лица, а новозаболени се 4.483. Досега има официјално регистрирано 14.904 смртни случаи во Србија. […]

Бугарија ќе ги укине ковид сертификатите на 20 март


  Од 20 март се очекува Бугарија да ги укине сертификатите за ковид (за вакцинација, болест, тестирање, антитела) како услов за пристап до јавни места во затворен простор, изјави премиерот Кирил Петков. Тој како аргумент го наведе справувањето со петтиот бран на инфекција со корона вирус предизвикан од варијантата Омикрон. Министерката за здравство Асена Шербезова […]

На 20 март можно е да се укинат ковид ограничувањата во Бугарија


Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков. Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане […]

Кипар ги олеснува мерки, дозволен пристап во затворените простори и за невакцинираните


табилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките стапува денеска во сила, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, […]

Словенија ги укинува речиси сите антиковид мерки


 Словенија денеска ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори. Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани, јави […]

Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев


 Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор […]

Прва жртва од пожарот на траектот во Грција


Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, […]

Хрватска им препорача на своите граѓани да го напуштат источниот дел на Украина


 Хрватска им препорача на своите државјани во источна Украина да ја напуштат областа, изјави денеска министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман. Тој истакна дека одлуката е донесена во интензивна комуникација со хрватската амбасадорка во Украина и следејќи ги искуствата на другите земји, пренесува агенцијата Хина. – Ситуацијата е загрижувачка, но тоа не […]

Средба Мицотакис- Харис во Минхен


Грција – Билатералните односи, случувањата во Украина и во Источниот Медитеран, како и енергетските проекти на Грција, биле дел од темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и потпретседателката на САД Камала Харис на нивната средба во Минхен на маргините на безбедносната конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираат од кабинетот […]

По над 50 часа од пожарот на траектот во Грција, пронајден жив еден од исчезнатите


Грција– По два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, утрово беше пронајден жив и спасен еден од 12-те исчезнати патници од бродот „Euroferry Olympia“ што во петокот наутро се запали во близина на Крф додека од Грција пловеше кон Италија, а паралелно продолжува потрагата по останати патници, […]

Како беше уапсен Башким Османи, озлогласениот нарко бос


  Башким Османи, осомничениот бос на мафијашката банда кој беше цел на масовната полициска акција против перење пари во вторникот, се очекува да биде биде префрлен во шпанска Мајорка од Хрватска следната недела. Османи е уапсен во неговиот хотел „Палацо“ во Пореч во рамките на полициската акција, која истовремено се спроведувала во различни земји. 55-годишниот […]