Бугарија ќе ги укине ковид сертификатите на 20 март
Од 20 март се очекува Бугарија да ги укине сертификатите за ковид (за вакцинација, болест, тестирање, антитела) како услов за пристап до јавни места во затворен простор, изјави премиерот Кирил Петков.
Тој како аргумент го наведе справувањето со петтиот бран на инфекција со корона вирус предизвикан од варијантата Омикрон. Министерката за здравство Асена Шербезова посочи дека укинувањето на мерките не значи дека „не вреди да се вакцинираш, напротив“. Таа соопшти дека 90% од луѓето со Ковид-19 кои починале или имаат компликации од болеста не се вакцинирани.
Сегашните правила налагаат доколку некој кој доаѓа од земјата со најголема преваленца на корона вирус (над 5 илјади луѓе на 100 илјади население во период од 14 дена), при пристигнувањето во Бугарија да покаже негативен резултат за ПЦР тест направен 72 часа пред пристигнувањето, без разлика дали се вакцинирани или болни. Исклучок е направен за луѓето со трета доза на вакцина.