Бугарија: На Радев сега не му чини ни владата на Петков


Сериозни искричења меѓу Румен Радев и Кирил Петков

 

„Владата мора да се погрижи политиката и геополитиката да не ја убијат бугарската економија. Потребни ни се сигурни, одржливи мерки и решенија, а не само добри намери. Времето за анализи заврши, ги чекаме резултатите“. Ова го изјави шефот на бугарската држава, Румен Радев, во Пловдив, каде што денеска посети една металуршка компанија.

Ова е последниот од повеќето напади на Радев на владата на Кирил Петков во очигледниот знак дека односите меѓу претседателот и човекот што тој го именува за министер за економија во службената влада постепено се заладуваат.

Радев на почетокот на февруари го предупреди Петков околу новиот пристап на владата во односите со Македонија и „моделот Борисов“. Радев ја оцени посетата на Петков на Скопје „избрзана“. Претседателот го предупреди и премиерот да не биде во искушение од „моделот Борисов“, коментирајќи ги промените во раководството на „Булгаргаз“.

На крајот на јануари владата нагло го смени менаџментот на „Булгаргаз“, на чело со неговиот извршен директор Николај Павлов, за кој се верува дека е близок до претседателот. Радев денеска се осврна на таа смена: „Има нови луѓе во енергетското раководство, но каде се резултатите? Луѓето не ги чувствуваат и нема време. Секој ден е вреден“, рече тој.