Гори хрватската резиденција во Белград


Пожар избувнал во резиденцијата на Хрватската амбасада во центарот на Белград, објави Нова.рс.

Како што неофицијално дознава порталот, гори дел од резиденцијата под покривот, а пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот.

Засега нема информации за повредени.