Во Србија починаа 65 лица, бројот на новозаразените намален
Според официјалните податоци, уште 65 лица починале во последните 24 часа како последица на корона вирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 14.299, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 25.998 лица за коронавирус, од кои 9.580 се позитивни.
На респиратори има 190 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 4.541 лица.
Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 1.826.787 случаи на заразени.