Нови услови за влез во Грција


 

Грција ги ажурираше протоколите за влез во земјата. Според новите правила, влезот во Грција за потполно вакцинирани луѓе е овозможен без поседување негативен тест пред патувањето.

Ова може да биде навремена одлука пред претстојните празници и одморите.

Управата за воздухопловство на Грција ја објави ажурираната директива која дозволува исклучок од тестирање.

Исто така, потврдите за вакцинација остануваат валидни 270 дена (девет месеци) по приемот на втората доза.

За влез во Грција, сите патници, без оглед на нивната националност, мора да пополнат електронски образец од пријавата „Passenger Locator Form” (PLF), пред заминувањето.