Светскиот економски форум отвора центар во Белград


Impressions at the Annual Meeting 2018 of the World Economic Forum in Davos, January 25, 2018. Copyright by World Economic Forum / Greg Beadle

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Светскиот економски форум ја избра Србија како една од 16-те земји во кои ќе отвори свој центар, „што е големо признание за образовниот систем, економијата и граѓаните на Србија“.

Брнабиќ за РТС од Женева посочи дека Србија е препознаена како земја на напредни технологии.

– Светскиот економски форум пред само еден месец отвори центар во Норвешка во Осло, во Русија во Москва, а трета европска земја е Србија, истакна Брнабиќ.

Таа потврди дека Центарот ќе работи во рамките на владината Канцеларија за информатичка технологија, а ќе започне од 1 март.

На тој начин, додаде таа, ќе имаат најдобра комуникација со владата, стопанството и граѓанскиот сектор, за да можат да работат на биотехнологијата, биомедицината и вештачката интелигенција.

– Центарот во првиот момент ќе вработи четири лица, верувам дека центарот ќе се прошири и имаме визија за понатамошен развој, рече премиерката.

Таа наведе дека ИТ секторот од година во година расте за повеќе од 25 отсто и има извоз од над 1,8 милијарди евра, од што суфицит се 1,1 милијарда.