Протести во Турција поради високите цени на струјата и на гасот
Главната турска опозициска партија денеска ги поддржа демонстрациите кои се организирани ширум земјата поради зголемувањето на цената на енергијата за повеќе од 50 отсто од почетокот на годината.
Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, најмногу во речиси 20 години, откако на почетокот на годината поскапеа струјата, гасот и патарините.
Üsküdar’dan saray sosyetesine sesleniyoruz; #ZamlarGeriAlınsın pic.twitter.com/U6a8jKE89L
— CHP Üsküdar İlçe Başkanlığı (@chp_uskudarilce) February 9, 2022
„Струјата е човеково право. Мора да биде по пристапна цена“, рече водачот на Републиканската народна партија во Анкара, Хикмет Акили пред новинарите.
Претставници на партијата ќе им се придружат на демонстрантите додека владата не ги повлече „највисоките цени на струјата во историјата на Републиката“, рече шефот на партијата во Истанбул, Канан Кафтанчиоглу
Еден локалне претприемач во населбата Султанбејли, рече дека сметките за струја и за гас му се речиси три пати повисоки од наемнината за продавницата.
„Економската и енергетската депресија ги осуди нашите граѓани на сиромаштија, мрак и смрзнување“, рече Кафтанчиоглу.
Владата размислува како да го реши проблемот со порастот на цените на струјата, по барањето на работодавачите и невладините организации, рече министерот за енергетика Фатих Донмез во Анкара во средата.