Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата


Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата.

Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот на одбраната Емил Ефтимов. Поканата за седница е еден ден откако министерот Стефан Јанев призна дека рапсореедуавњето руски војници на граництаа со Украина е закана за бугарската национална безбедност. Од денеска небото над Бугарија ќе го обезбедуваат заеднички со авиони од Шпанија.