Ѓоковиќ влезе во предизборниот спот на партијата на Вучиќ


  Ретко кој не го видел промотивното видео на Српската напредна странка со Новак Ѓоковиќ во главната улога, затоа што на Јутјуб се емитува на почетокот на кој било видео клип што го пуштате. Обожувачите на најдобриот светски тенисер со разочарување ја коментираат неговата одлука да се појави во изборната кампања на СНС, со оглед […]

Во Бугарија вчера починаа 176 лица лица од корона


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 8.012 случаи на коронавирус со 37.509 тестови. Позитивни примероци се 21,4% од сите тестирани. Од новите случаи 75 отсто се невакцинирани. Од ковид починаа 176 лица, а 90,3 отсто од нив не се вакцинирани, Во моментов, вкупниот број на активни случаи на коронавирус надминува 260.000 луѓе. […]

Кривокапиќ: Ќе продолжам да носам одлуки


 Црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ на владината седница одржана на 2 февруари изјави дека не е обврзан со „правната категорија“ за техничка влада и дека неговиот кабинет ќе продолжи да носи одлуки во полн капацитет се додека не се избере нова влада, пишува весникот Побједа. Извор на весникот наведува дека Кривокапиќ истакнал дека Владата […]

Претседателот на Црна Гора во дводневна официјална посета на Грција


Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ја започнува дводневната официјална посета на Грција на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и ќе оствари низа средби со грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на црногорскиот претседател соопштуваат дека ова е прва официјална посета на Грција од обновата на независноста, […]

Во Црна Гора разрешен и претседателот на собранието


  Црногорскиот парламент го разреши досегашниот претседател Алекса Бечиќ кој го извршуваше таа функција 17 месеци. За разрешување гласаа 43 присутни пратеници (коалицијата „Црно-бело“ и опозицијата), 36 беа против (Демократи, Демос, ДФ, ПзП, СНП, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и Работничка партија). За време на барањето, самиот Бечиќ изјави дека не сака да се […]

Во Србија стигна „стелт“ подвидот на омикрон сојот


Во Србија во понеделникот е потврден првиот случај на корона вирусот „стелт омикрон“, подвид на омикрон варијантата на корона вирусот SARS-CoV-3. Присуството на стелт омикрон кај два примерока на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет. Присуството на оваа подваријанта, како што се наведува, е присутна во повеќе од […]

(Видео) Снежно невреме во БиХ, хаос на патиштата


Снежното невреме што го зафати поголемиот дел од БиХ во понеделникот попладне предизвика хаос на патиштата во земјата, а на тешките камиони им беше забрането да возат на критичните делови. Интензивните врнежи од снег проследени со силен ветер и наглото опаѓање на температурата донесоа снежни наноси на сите поголеми сообраќајници, пренесува Индекс.хр. Со голема тешкотија […]

Министерот за земјоделство на Грција си поднесе оставка 


Министерот за земјоделство и храна на Грција Спилиос Ливанос денеска си поднесе оставка, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побарал од него објаснувања за реакцијата за време на состанокот со градоначалникот на Спарта, кога тој се осврнал на катастрофалните пожари на Пелопонез во 2007 година и како Нова демократија потоа ги доби изборите, јави дописничката на […]

Во Србија пристигна „Паксловид“, најсовремен лек против Ковид-19 одобрен од ЕМА


Србија – Во Србија пристигна „Паксловид“„ (Paxlovid), најсовремениот лек против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (во Европа доставен уште во Велика Британија), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) ја одобри употребата и […]

Уставниот суд ја заврши расправата за разрешување на претседателот Мета, одлуката за 30 дена


За првпат во историјата на Албанија, Уставниот суд ќе донесе одлука за или против разрешување на Илир Мета од функцијата претседател на Република Албанија. -Конечната одлука ќе биде соопштена со образложение во рок од 30 дена, изјави вршителката на должноста претседателка на Уставниот суд, Виторе Туша, откако беа изнесени ставовите на двете страни. Денешното,трето рочиште, […]

Во Хрватска од корона вирус денеска починаа уште 57 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.270 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 44.578. Од нив во болница се лекуваат 2.191 пациенти, а на респиратор има 178. Починаа уште 57 пациенти, или вкупно досега 14.194. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска од Ковид-19 заболеле […]

Почнува судски процес против банка која перела пари на бугарски шверцери на дрога


Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Наводно банката испрала милиони евра, од кои дел биле донесени во куфери. Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки […]

Црногорците не се откажуваат – по нафта, ќе бараат природен гас


Црна Гора не се откажува истражувањата во близина на нејзиниот брег. Откако напорите да се пронајде нафта во близина на Будва не дадоа резултат, сега напорите се наочуваат кон истражување на наоѓалишта на гас. Според државниот секретар за енергетика и рударство, Марко Перуновиќ, до 15 март ќе се знае дали грчка компанија ќе започне со […]

Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата


Грција– Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се […]

Во Грција граѓаните кои не примиле бустер доза се сметаат за невакцинирани


Грција – Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради […]

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати


Грција– Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати. Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП. Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во […]

Хрватска и Бугарија на врвот во ЕУ по бројот на починати од Ковид 


Хрватска– Во изминатите седум дена, Хрватска беше прва по бројот на починати од коронавирус во Европската унија со 73 смртни случаи на милион жители, а на второ место е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители. Загребачки Јутарњи лист пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помалата опасност омикрон варијантата […]

Во Турција 20.000 домаќинства и натаму без струја поради обилни снежни врнежи


 Работниците сè уште се обидуваат да ја оспособат електродистрибутивната мрежа за околу 20.000 домаќинства во централната турска провинција Испарта, кои веќе три дена се без струја поради обилните снежни врнежи кои предизвикаа прекини и дефекти на мрежата, изјави турскиот министер за енергетика Фатих Донмез. Како што пренесува Хабертурк, „обилниот снег и снежните виулици предизвикале сериозни […]

И во Бугарија отсега без негативен ПЦР тест


Освен за Косово и Грција, мерките за патување на граѓаните на Македонија ги олесни и Бугарија. Не ви треба негативен ПЦР тест за да патувате во Бугарија, како што беше досега. Вакцината или потврдата за прележан од Ковид, остануваат во сила. Во однос на Србија, МНР соопштува дека нема ограничувања за влез на македонски државјани. […]

И Ердоган е позитивен на Ковид-19


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во саботата дека се тестирал позитивно за Ковид-19, но нема тешки симптоми. „Откако доживеавме лесни симптоми, мојата сопруга и јас бевме позитивни на Ковид-19. Имаме блага инфекција, за среќа, дознавме дека тоа била варијанта Омикрон“, напиша претседателот во твитот. „Ние сме на должност. Ќе продолжиме да работиме од дома. […]