Во Бугарија вчера починаа 176 лица лица од корона


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 8.012 случаи на коронавирус со 37.509 тестови. Позитивни примероци се 21,4% од сите тестирани. Од новите случаи 75 отсто се невакцинирани.

Од ковид починаа 176 лица, а 90,3 отсто од нив не се вакцинирани,

Во моментов, вкупниот број на активни случаи на коронавирус надминува 260.000 луѓе.

Вкупниот број на хоспитализирани во моментов е 6.256. Расте бројот на пациенти со Ковид-19 на одделенијата за интензивна нега – сега се 623.

Вакцинацијата и натаму е многу слаба – само 5.671 дози беа администрирани вчера.