Мајкл Помпео денеска во Бугарија 


  Бугарија– Поранешниот американски државен секретар Мајкл Помпео денеска пристигнува во посета на Бугарија, на покана на претседателот на Конфедерацијата на работодавачи и индустријалци во Бугарија Кирил Домусчиев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Помпео ќе одржи специјално предавање за геополитичкото значење на Бугарија. Главниот акцент во неговиот говор ќе биде на енергетската […]

Словенија именуваше специјален пратеник за Западен Балкан


Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека Словенија го именува Анжеј Франгеш за специјален пратеник за Западен Балкан. За именувањето на нашиот пратеник за регионот на Западен Балкан го информирав заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, наведе Фајон. Франгеш е вработен во словенечкото Министерство за надворешни работи од 2003 година. 

На аеродромот во Тирана за седум месеци регистрирани 2.712.918 патници  


Бројот на патници на меѓународниот аеродром во Тирана во периодот јануари – јули годинава бележи раст од 2,3 пати споредено со истиот период минатата година. Авионски превоз во седумте месеци од годинава избрале 2.712.918 патници.  Само во месец јули аеродромот регистрирал 614.340 патници, што е раст од 44,8 отсто споредено со истиот месец минатата година.  […]

Крифца: Саемот на вино во Белград можност за нови пазари за албанските производители


Албанските производители на вино ќе учествуваат на Меѓународниот саем за вино „Винска визија Опен Балкан“, што ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември. „Саемот ги собира најдобрите во производството на вина, лозари, сопственици на винарски визби, енолози, сомелиери и трговци со вино, како и изложувачи на вина од некои од најпознатите винарии […]

Србија донесе препораки за заштеда на струјата за 15 отсто


Министерството за рударство и енергетика на Србија денеска донесе препораки до државната администрација, единиците на локалната самоуправа, државните претпријатија, стопанството и домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја и топлинска енергија, со што треба да се овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани, јави допсиникот на МИА […]

Земјотреси во познати летувалишта во Грција и во Хрватска


Два земјотреса што се случија утрово ги вознемирија туристите и мештаните во Дубровник, Хрватска и во Лефкада, Грција. Имено, едниот земјотрес е регистриран на територијата на Босна и Херцеговина, но бил почувствуван и во Дубровник. Во Херцеговина утрово во 7 часот и 21 минути е регистриран земјотрес. ЕМСЦ известува дека магнитудата била 3,3 степени според […]

Групата „Татковинска правда” објави хакирани досиеја на албанските граѓани и порача „играта штотуку почна“


  Албанија– Таканаречената група “Homeland Justice” или “Татковинска правда“ од Иран откако објави хакирани материјали од електронската пошта на премиерот Еди Рама и Министерството за надворешни работи на Албанија, сега ги откри телефонските броеви на албанските државјани.   На веб-страницата https://homelandjustice.ru/ хакерите објавиле вкупно седум фајла, каде што се претставени името, презимето и бројот на личната карта на […]

Бугарската главна обвинителка бара од македонските колеги уште распити на преживеани и роднини за автобуската несреќа


Бугарија– Портпаролот на главната обвинителка на Бугарија Сијка Милева изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева […]

Бугарија секој ден му се јавува на „Гаспром“ да испорача гас според договорот


  Бугарија продолжува да испраќа секојдневни барања до „Гаспром“ за снабдување со природен гас. Ова за БТВ го кажа службениот премиер Галаб Донев. Така тој одговори на копретседавачот на „Продолжи со промените“, Асен Василев, кој минатата недела рече дека земјата има добри шанси да го добие арбитражниот случај против руската компанија сè додека таа продолжува […]

Голем грабеж во хрватска ИНА: Продавале гас од бунарите, парите на сметка на пензионер


  Сите петмина уапсени под сомнение за голем грабеж на хрватската компанија ИНА остануваат во истражен затвор. Од банкарските сметки на уапсените биле запленети речиси 1 милијарда куни (137 милиони евра), а Н1 дознава дека тие се осомничени дека продавале гас од домашни бунари. Грабежот бил откриен преку пензионер, кој на сметката имал стотици милиони […]

Без мерки Грците ја намалија потрошувачката на струја за 27 отсто


Податоците од грчкиот електроенергетски оператор АДМИЕ покажаа пад на потрошувачката на електрична енергија во јули, при што домаќинствата и деловните субјекти од среден и низок напон ја намалија потрошувачката за 27,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Грција не наметна задолжителни мерки за заштеда на енергија како другите европски земји во обид да […]

Брнабиќ: Приоритет на новата српска Влада ќе бидат Косово и енергетиката


Мандатарката на идната српска Влада, Ана Брнабиќ, изјави дека очекува новата извршна власт да биде избрана до крајот на септември, дека светот е на работ на трета светска војна и дека нејзин приоритет ќе и бидат Косово и енергетиката, јави допсиникот на МИА од Белград. -Зачувувањето на мирот и стабилноста е најважната задача. Најмногу ме […]

Курти ги повика опозициските лидери на средба во вторник


Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), да се сретнат утре, со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на […]

Радев сака повеќе гас од терминалот во Александрополис


 Бугарскиот претседател Румен Радев, на денешната средба со претставници на менаџментот на грчките компании „Гастраде“ и „Копелузос Груп“, разговарал за можностите за зголемување на количествата на природен гас што неговата земја ќе ги добива од Грција, преку терминалот во градот Александрополис. Според Радев, во заднината на продлабочената криза во снабдувањето со гас, за Бугарија е […]

„Газпром“ треба да одговори на барањето на бугарската техничка Влада за враќање на преговорите за гасот


 „Газпром“ се очекува да и одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса, а според министерот за енергетика, Румен Христов, тоа треба да се случи најдоцна денеска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на крајот на минатата недела техничката влада и официјално стапила во контакт со руската компанија за обнова на […]

Во Белград демонстранти маршираа против Европрајд


Србија– Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот […]

Земјотрес во БиХ од 3,2 степени според Рихтер, се почувствува и во Хрватска


Денеска во 18:50 часот се почувствува земјотрес во Босна и Херцеговина, епицентарот на земјотресот бил во градот Билеќа, во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина. Се наоѓа на 20 километри источно од Столац. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го почувствувале и жителите на дубровничката област, за […]

Прислушувањето на опозицискиот лидер може да го урне грчкиот премиер Мицотакис


  АТИНА – Во поголемиот дел од минатата недела грмотевици и пороен дожд ја зафатија Атина, означувајќи драматичен крај на летото инаку наелектризирано од разговорите за шпионски софтвер, сајбер-платеници, шпионажа и прислушување. Додека сонцето повторно изгреа во петокот, тоа беше многу расположение додека прерано свиканиот парламент на Грција расправаше за скандалот со прислушување телефони чиешто […]

Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.   Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.   „Од моментот кога ќе […]

Франција ќе и помогне на Црна Гора за кибер безбедноста


Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти. Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора. „Француската влада одговори позитивно на барањето […]