На аеродромот во Тирана за седум месеци регистрирани 2.712.918 патници  


Бројот на патници на меѓународниот аеродром во Тирана во периодот јануари – јули годинава бележи раст од 2,3 пати споредено со истиот период минатата година. Авионски превоз во седумте месеци од годинава избрале 2.712.918 патници. 

Само во месец јули аеродромот регистрирал 614.340 патници, што е раст од 44,8 отсто споредено со истиот месец минатата година. 

Во извештајот за транспортната статистика, објавен од Институтот за статистика, ИНСТАТ, воздушниот превоз на патници учествува со 73,6 отсто од вкупниот транспорт во текот на месец јули. 

Според ИНСТАТ, бројот на летови исто така е зголемен за 33,2 отсто, во однос на месец јули 2021 година.

Бројот на авионски летови, во седумте месеци од 2022 година, изнесува 21.104, што е зголемување за 80,7 отсто, во однос на седумте месеци од 2021 година.