Бугарија секој ден му се јавува на „Гаспром“ да испорача гас според договорот


Службениот премиер Галаб Донев

 

Бугарија продолжува да испраќа секојдневни барања до „Гаспром“ за снабдување со природен гас. Ова за БТВ го кажа службениот премиер Галаб Донев. Така тој одговори на копретседавачот на „Продолжи со промените“, Асен Василев, кој минатата недела рече дека земјата има добри шанси да го добие арбитражниот случај против руската компанија сè додека таа продолжува да ги испраќа своите барања, и покрај тоа што не добива ништо за возврат.

Донев нагласи дека тековните разговори со „Гаспром“ за реализација на актуелниот договор, кој истекува на крајот на годината, се без клаузула за евентуална арбитража. Тој додаде дека преговорите биле на многу високо ниво, но не прецизираше кој во нив учествувал од руска страна. Премиерот додаде дека целта на владата е да се испорачаат сите количини од актуелниот договор, а можно е некои да се презакажат за следната година.