Земјотрес во БиХ од 3,2 степени според Рихтер, се почувствува и во Хрватска


Денеска во 18:50 часот се почувствува земјотрес во Босна и Херцеговина, епицентарот на земјотресот бил во градот Билеќа, во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина. Се наоѓа на 20 километри источно од Столац.

ЕМСЦ соопшти дека земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го почувствувале и жителите на дубровничката област, за што неколку пати беше пријавено на апликацијата ЕМСЦ.